Новости од е-трговија

CRO Commerce 2026: AI, Black Friday и прашањето: Колку вреди вашиот eCommerce бизнис?

CRO Commerce 2026, најголемата регионална конференција посветена на е-трговијата во Хрватска, ќе се одржи на 13 октомври во Mozaik Event Centar во Загреб. Осмото издание на конференцијата, во организација на нашите партнери од eCommerce Hrvatska, ќе собере водечки експерти од е-трговијата, дигиталниот маркетинг, логистиката и технологијата.

Конференцијата и годинава ќе ги собере сопствениците и директорите на веб-продавници, како и професионалци кои активно работат на развојот на eCommerce пазарот. Со ограничен број од 500 учесници, фокусот е ставен на квалитетно поврзување, размена на искуства и создавање нови деловни контакти.

Во текот на целодневната програма, која ќе се одвива на три сцени, учесниците ќе имаат можност да следат предавања, панел-дискусии и практични примери од бизнисот.

Како да се подготвите за Black Friday 2026?

Една од централните теми на годинашната конференција ќе биде Black Friday – едно од најважните продажни периоди за онлајн-продавниците.

Само месец и половина пред Black Friday, на сцената на CRO Commerce ќе се дискутира за тоа како е-трговците да се подготват за најинтензивниот продажен период во годината.

На панелот „Како да се подготвите за Black Friday 2026?“ ќе учествуваат Дијана Кладар, Дарио Бегоња, Горан Благус, Марко Пачар, Роберт Петковиќ, Арон Станиќ и Дино Орешки.

Од планирање на кампањи и оптимизација на веб-продавницата, преку логистички предизвици и управување со залихи, до корисничкото искуство и анализа на резултатите – панелистите ќе споделат конкретни совети и искуства што можат директно да се применат во работењето.

AI, технологија и човекот во центарот на е-трговијата

Покрај Black Friday, програмата ќе опфати актуелни теми од дигиталниот маркетинг, логистиката и доставата, платежните решенија, правните и регулаторните прашања, сметководството во е-трговијата, како и примената на вештачката интелигенција.

Посебно внимание ќе биде посветено на сè поважната улога на човекот во ерата на AI автоматизацијата – како ефикасно да се користи вештачката интелигенција, а притоа да се зачуваат креативноста, стратешкото размислување и квалитетниот однос со купувачите.

„CRO Commerce го гледаме како место каде трговците, технолошките компании и агенциите можат да се тргнат од општите приказни за трендовите и да разговараат за она што навистина им се случува во работењето“, истакнува Ернест Антоловиќ, партнер во агенцијата Shipshape, главен партнер на конференцијата втора година по ред.

Колку всушност вреди вашиот eCommerce бизнис?

Конференцијата ќе отвори и една тема за која сопствениците на веб-продавници можеби размислуваат, но за која ретко се зборува отворено – вредноста и потенцијалната продажба на eCommerce бизнисот.

Продажбата на веб-продавница не мора да значи неуспех. Напротив, може да биде потврда дека сопственикот изградил квалитетен, профитабилен и доволно вреден бизнис за кој постои интерес од купувачи.

Токму оваа тема ќе ја отвори Андрија Чолак, претприемач и business broker со долгогодишно искуство во eCommerce, како keynote speaker на CRO Commerce 2026.

Тој ќе зборува за тоа што купувачите гледаат при проценка на еден eCommerce бизнис, како се формира вредноста на бизнисот, кои показатели најмногу влијаат врз цената и каде сопствениците најчесто грешат кога ќе одлучат да го продадат својот бизнис.

Посебен фокус ќе биде ставен и на улогата на business broker-от, кој го поврзува купувачот со продавачот и помага трансакцијата да се реализира на структуриран и професионален начин.

„Добар eCommerce бизнис не е само оној што денес остварува добра заработка, туку оној што е доволно квалитетен и скалабилен за него да постои интерес од купувачи“, вели Чолак.

Networking, EXPO и нови можности за поврзување

Networking-от повторно ќе биде важен дел од CRO Commerce. Од EXPO зоната, наменета за запознавање нови луѓе и деловно поврзување, до дружењето по конференцијата и party-програмата, учесниците ќе имаат можност да продолжат со размената на искуства и идеи и надвор од сцените.

Новина годинава е Zoyya meeting app, преку која учесниците ќе можат едноставно да договараат состаноци со говорниците.

Дел од програмата е и EXPO AWARDS, во рамки на кој главниот спонзор Hisense ќе додели интерактивен дисплеј во вредност од 3.000 евра на еден од учесниците.

Учеството е исклучиво физички, а во цената на билетот од 250 евра се вклучени ручек и коктели на party-програмата.

За ecommerce.mk заедницата е обезбеден и 20% попуст со кодот ecommacedonia20 при купување билет.

Повеќе информации за програмата, говорниците и билетите се достапни на официјалната страница на конференцијата: ⁠conference.ecommerce.hr

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.