Новости од е-трговија

Јавен повик за 5 бесплатни Беџови за верификуван е-трговец овозможени од АЕТСМ и ИУТЕ Македонија

Во рамки на кампањата „Верификувани сега, доверливи секогаш“, Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија – АЕТСМ, во партнерство со ИУТЕ Македонија, го отвора јавниот повик за 5 бесплатни верификации на микро, мали и средни е-продавници кои ги исполнуваат условите за Беџот за верификуван е-трговец.

Преку овој јавен повик, АЕТСМ и ИУТЕ Македонија имаат за цел да ја зголемат довербата во онлајн купувањето во Македонија, намалувајќи ја нелојалната конкуренција на бизнисите во е-трговијата, како и едукативно и информативно да влијаат врз онлајн купувачите со цел намалување на сивата економија.

Со оваа кампања, АЕТСМ продолжува и понатаму да поттикнува доверба и кредибилитет во македонската е-трговија со истакнување на е-продавниците кои се верификувани и доверливи и да придонесува во континуираната борба за намалување на сивата економија и сомнителните практики на нерегистрираните продавачи.

Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои веќе ги продаваат своите производи или услуги онлајн (имаат имплементирано онлајн плаќање во една од петте банки кои ја нудат оваа услуга во нашата земја), со цел да добијат можност да покажат дека нивната онлајн продавница е безбедна пред јавноста и да се придужат на заедницата од над 80 верификувани е-трговци.

Е-продавниците кои сакаат да аплицираат за бесплатна верификација, треба целосно да ја пополнат кратката онлајн апликација достапна на овој линк.

Аплицирањето ќе може да се направи, најдоцна до среда, 03.12.2025 до 23:59 часот на следниот линк: https://forms.gle/RHV8rCLkUoSsb27e7

По завршување на рокот, комисија од експерти поврзани со е-трговија ќе ги разгледува апликациите и по однапред утврдени критериуми ќе овзможи 5 апликанти да добијат поддршка за бесплатна верификација за стекнување со Беџот за верификуван е-трговец.

Критерумите се достапни на овој линк.

Поврзани содржини