
Iute веќе четврта година е член на АЕТМ и партнер на годишната конференција за е-трговија, каде се отворија навистина интересни теми за трендовите и иднината на онлајн купувањето. Иако растот на е-трговијата е видлив, дигиталната зрелост на потрошувачите во регионот сè уште е значително под европскиот просек.
Според податоците од Western Balkan E-commerce Insights 2025 на АЕТМ, земјите од Западен Балкан сè уште заостануваат во онлајн финансиските трансакции како земање кредити или хипотеки онлајн: Северна Македонија 0.9%, Србија 0.2%, Црна Гора 2.1%, Албанија 1.4%, додека единствено Босна и Херцеговина се приближува на европскиот просек со 3.5%. За споредба, европскиот просек изнесува 3.6%, а некои земји како Норвешка (16%), Хрватска (9.8%) и Ирска (9%) бележат значително поголемо користење.

Овие ниски бројки ја одразуваат и недоволно развиена дигитална банкарска инфраструктура, како и длабоко вкоренети културни преференции за финансиски интеракции лице-в-лице – што претставува голема пречка за развојот на услуги базирани на доверба, како „Купи сега, плати подоцна“ (Buy Now Pay Later) или онлајн претплатите.
Во ваков контекст, модели како BNPL стануваат клучни алатки за олеснување на дигиталните финансиски услуги, овозможувајќи безбедни, едноставни и целосно дигитални искуства за потрошувачите, додека истовремено го поттикнуваат развојот на е-трговијата во регионот. Токму на оваа тема зборуваме со Даниел Јанчевски, раководител на партнерската мрежа во Iute Македонија.
Е-трговијата во регионот бележи раст, но сè уште сме далеку од европските стандарди. Како Иуте ја гледа оваа трансформација и улогата на дигиталните финансиски услуги во овој процес?
Даниел: Она што го гледаме е дека дигиталната трансформација веќе не е опција — таа е императив. Онлајн купувањето станува дел од секојдневието, а Иуте преку моделот “Купи сега, плати подоцна” (Buy Now, Pay Later) им овозможува на потрошувачите едноставно, брзо и безбедно искуство. Денес клиентите сами го креираат својот буџет и ги уживаат придобивките на модерното шопинг искуство, без стрес и без сложени процедури, со максимално едноставна, целосно дигитална и безбедна процедура.
Што значи „Buy Now, Pay Later“ во пракса и зошто станува сè попопуларен модел?
Даниел: BNPL е револуционерна алатка во светот на модерните финансии, планирање на буџетот и паметното купување. Преку него, корисниците можат да купат производ или услуга веднаш, а да ја платат подоцна – на рати и без камата, директно преку апликацијата MyIute.
Овој модел Иуте пионерски го воведе на пазарот и во изминативе години доживеа вистински бум. Воедно од неодамна е воведен и систем на автоматско одобрување на кредитите преку ВИ и машинско учење, пришто целиот циклус се скратува од 15 на 3 минути, 100% автоматски и дигитално преку Myiute, пришто системот црпи информации од релевантите институции во реално време на поднесување и разгледување на апликацијата, додека апликацијата MyIute комуницира со релевантните институции преку API интеграции, со моментално вчитување на податоци.
Тоа е современа, безбедна и паметна алтернатива за секојдневното купување.

Колку е широка партнерската мрежа и кои категории на производи и услуги опфаќа?
Даниел: Денес нашата партнерска мрежа брои над 650 партнери, 1000 продажни места и повеќе од 100 онлајн продавници. Корисниците можат да купуваат сè – од бела техника, мобилни телефони, мебел и автомобили, до здравствени и стоматолошки услуги, велосипеди или електрични тротинети. Покрај тоа, сме live на најголемите онлајн продавници во земјата како Supermart, Ananas, Intersport и други. Партнерската мрежа е постојано во пораст.
Како технологијата ја менува динамиката на онлајн плаќањето со BNPL?
Даниел: Благодарение на современите API и Plug-in интеграции, целиот процес е беспрекорно поврзан меѓу Иуте, партнерите и корисниците. Верификацијата и потпишувањето се вршат преку биометриска електронска идентификација во партнерство со Евротраст, што значи дека целиот процес е 100% дигитален и безбеден.
Што покажуваат податоците – како расте онлајн сегментот на Иуте со BNPL?
Даниел: Само во изминатата година бележиме 40% пораст во онлајн исплатите, што е силен показател дека купувањето преку интернет веќе е стандарден начин на потрошувачко однесување. Кoрисниците сакаат брзина, едноставност и сигурност – а тоа е токму она што го нуди Иуте.
Според вас, во која насока се движи иднината на дигиталното купување и финтек услугите?
Даниел: Иднината е во интелигентните, персонализирани решенија. Верувам дека BNPL моделот ќе продолжи да го редефинира начинот на кој купуваме. Нашата цел е јасна — да им го направиме животот на клиентите поедноставен, послободен и поудобен, со можност секој купувач да биде свој финансиски архитект.