Новости од е-трговија

Google инвестира во стартапи за AI – можат да аплицираат и македонски стартапи

Пред неколку дена, Google го лансираше својот AI Futures фонд со цел да инвестира и да соработува со амбициозни стартапи. Овој фонд ќе им овозможи на стартапи во различни фази на развој ран пристап до најновите AI модели на Google DeepMind, како и ресурси, техничка експертиза и капитално финансирање со цел да го забрзаат нивниот раст.

Стартапите кои ќе бидат дел од AI Futures фондот ќе го добијат следното:

  • Ран пристап до одредени AI модели од Google DeepMind: Ова ги вклучува дел од нивните најнапредни AI модели како Gemini, Imagen за генерирање слики и Veo за генерирање видеа.
  • Соработка со експерти од Google: Стартапите ќе добијат hands-on практична поддршка од истражувачи, инженери, product менаџери, дизајнери и специјалисти за пласман на пазарот од Google DeepMind и Google Labs.
  • Google Cloud кредити и поддршка: Програмата ќе обезбеди кредити за Cloud и наменска техничка поддршка од експерти за Google Cloud со цел да им помогнат на стартапите при градењето, обуката и скалирањето на AI-powered продукти
  • Инвестиции во капитал: Одбраните стартапи на повикот ќе ја добијат можноста да побараат директна инвестиција од Google за поттикнување на нивниот раст и скалирае на развојот на AI

Некои од учесниците кои се веќе дел од програмата

Во текот на изминатите неколку месеци, фондот за AI Futures веќе соработува со избрана група стартапи од различни индустрии:

Неколку стартапи кои може да се издвојат:

  • Toonsutra, индиска апликација за дигитални стрипови ги користи преведувачките можности на Gemini за да ги направи дигиталните стрипови достапни низ целиот разновиден јазичен пејзаж на Индија. Прочитај повеќе тука
  • Viggle, AI платформа за правење на memes соработуа со Google за да истражи нови форми на креирање на видеа поддржани од алатките на Google, Gemini, Imagen и Veo. Прочитај повеќе тука
  • Rooms, платформа каде што корисниците креираат, играат и споделуваат интерактивни 3Д простори, соработува со Google за да создаде прототип на искуства со побогата содржина со Gemini. Прочитај повеќе тука

Овие рани соработки покажуваат како вистинската поддршка може да им помогне на основачи на стартапи да се движат побрзо, да тестираат похрабри идеи и да градат производи што претходно не биле можни.

Зошто ова е важно и за македонските стартапи?

Затоа што апликациите се отворени глобално – и да, можат да аплицираат и стартапи од Македонија! AI Futures фондот е отворен за компании насекаде каде што е достапен Gemini, а Google бара стартапи кои сакаат да ја градат иднината на вештачката интелигенција заедно со нив.

Содржината е преземена од Google Labs

Поврзани содржини