Новости од е-трговија

Бизнис иновации и економски раст во фокус на Macedonia2025 Summit

На 12 и 13 мај, во Хотел Marriott Скопје, приклучете им се на регионалните и меѓународните лидери, инвеститори, иноватори и policy makers за два дена исполнети со инспиративни дискусии, свежи идеи и стратегии за идниот развој на бизнисот, иновациите и дигиталната трансформација на претстојниот Macedonia2025 Summit.

Macedonia2025 Summit е врвна годишна конференција организирана од Macedonia2025, која собира бизнис лидери, претприемачи, инвеститори и носители на политики од Македонија и светот за дискусија на теми поврзани со економскиот развој, иновациите и претприемништвото. Самитот е клучен настан за поттикнување на економскиот раст и развој на Македонија, како и за создавање нови деловни соработки меѓу локалните и меѓународните претприемачи и компании.

Што може да очекувате? 🤔

  • Инспиративни говори од врвни светски говорници
  • In-depth панел дискусии за економски раст, дигитална трансформација и иновации
  • Ексклузивни fireside chats и leadership интерјвуа
  • B2B вмрежување и организирани бизнис состаноци преку официјалната мобилна апликација на Самитот

🎤 Агендата е достапна на овој линк.

За членовите на АЕТМ е овозможен ексклузивен попуст за билетите за Самитот. Доколку сакате да го искористите попустот, контактирајте нè на bojana@ecommerce.mk.

🎟️ Обезбедете си го вашето место уште денес и бидете дел од приказната што ја обликува дигиталната иднина на Македонија: https://macedonia2025.com/summit-2025/

Поврзани содржини