Трендовите во дизајнот се движат прилично брзо. Ако не обрнувате внимание од време на време, можно е да испуштите некој од нив.
Во последните неколку години, брендовите како Vacation, New Balance, Aimé Leon Dore, Amélie Pichard и брендот на Сет Роген – Houseplant објавија реклами што изгледаат како да се креирани во 80-тите. Креирани со едноставна позадина и серифен фонт (обично Garamond), изгледот потсетува на рекламите што Apple ги направи популарни во 1980-тите.
Па, зошто оживуваат овие трендови? Серифните фонтови и едноставната графика можеби се вид на одговор на долгогодишната употреба на едноставните, sans-serif фонтови кои се јавуваат кај новите компании (start-ups) и милениумската розова боја. Покрај ова, оживувањето на овие трендови моеж да се должи и на маркетинг трендот предизвикан од носталгија.
На сите ни треба одмор
Можеби ниту еден бренд се нема фокусирано на оваа фраза – или изгледот и чувството на 80-тите – повеќе од Vacation, бренд за креми за сончање. Еден од основачите на овој бренд, Maрти Бел е и креаторот на онлајн радио станицата Poolsuite, која веројатно има нај old-school дизајн на интернет во дешеницата.
Неговата работа со дизајн и брендирање го направи познат како некој кој знае „како да направи нешто да стане вирално“.
Од своето деби минатата година, брендот Vacation доживеа 500% раст на месечните direct-to-consumer приходи, според компанијата.
„Мислам дека треба да ги “спакувате” работите на многу специфичен начин преку текст, слики, talking points – сите овие работи треба да бидат исклучителни за еден бренд да биде одличен“, вели Бел за Marketing Brew.
Тоа значи дека треба да се обрне внимание на секој детал. Според Бел, покрај рекламите на брендот за креми за сончање Vacation со естетиката од 80-тите, постојат и други компоненти со кои брендот ја искажува таа естетика: Фактурите се испраќаат на old-school хартија со дупчиња од страните, pop-up прозорчињата на веб-сајтот изгледаат како стари купони, а компанијата следи само еден профил на Инстаграм: Џими Бафет – познат пејач од 80-тите. Целта е да се долови атмосферата за забави на плажа, која станала популарна во текот на 80-тите, а истовремено да предизвика и забавен vibe.
За да го пласираат својот производ, тимот на Vacation се погрижиле рекламите да бидат колку што е можно поавтентични со купување на слики од 80-тите од сајтови како што е Flickr. Една од нивните најдобри реклами е слика на жена која стои покрај базен, а до нејзе е испишан текст со серифен фонт.
Time after time
Бел вели дека дизајнот на Vacation им „прија“ на сите возрасни групи, но истакна дека е „кул за Gen Z бидејќи за нив е нешто ново и далеку од тоа како тие пораснале“ со оглед на недостатокот на телефони и технологија во тоа време.
Ерифили Гунари, “zoomer” и основач на Gen Z агенцијата за социјални медиуми The Z Link зборува токму за овој тренд:
„Добив толку многу коментари од луѓе кои велат како самите дизајни ги тераат да сакаат да ги купат производите и да ги разгледаат“
Таа ја припишува популарноста на овој тренд делумно на чувството што се јавува помеѓу Gen Z и millenials, иако многумина од нив сè уште не биле родени во 80-тите.
@thezlink we’re definitely into the retro trend 😌 what do you think? #80svibes #retroaesthetic #graphicdesigntrends #genzmarketing ♬ original sound – Hope Schwing
Иронично, оваа девојка која ја основала Gen Z маркетинг агенцијата вели дека клиентите кои биле дел од таа ера се оние кои често се најотпорни на враќање назад кон неа.
„Секогаш се обидуваме нежно да “притиснеме” кон естетика за која знаеме дека многу и се допаѓа на нашата генерација во моментов. И некои брендови се водат по таа естетика, но некои брендови едноставно не можат да го разберат тоа.“
„Особено ако самиот тим на брендот е составен од многу постари луѓе и тие сè уште се обидуваат да се навикнат на она што им се допаѓа на помладите генерации“
Скот Вокер, дизајнерски директор на брендот на платформата Picsart (нешто слично на Canva), израснал во 80-тите. Тој вели дека она што го импресионирало за брендот што го дискутиравме погоре, Vacation, е тоа како брендот „прави да се чувствува автентично, но луксузно, што всушност е доста тешко да се изведе“
Fun Fact: Did You Know?
Nike го смислиле својот слоган “just do it” во 1988 година. Денес, овој слоган е препознатлив за речиси сите во светот. Оваа кампања се издвојува главно поради нејзината издржливост и способност да го издржи „тестот на времето“ со оглед на тоа што слоганот е смислен пред повеќе од 30 години.
Оваа реклама ја покажува важноста на едноставноста кога станува збор за да бидете впечатливи и незаборавни. Ако Nike можеби избрале подолг слоган, веројатноста луѓето да го запамтат истиот би била многу помала.
Краткоста и јасноста на „just do it“ значи дека луѓето имаат поголема веројатност да се поврзат со брендот. Друга предност на овој едноставен слоган е тоа што луѓето ќе помислат на брендот кога слоганот ќе се појави во неповрзани контексти со Nike.
Ако вашиот шеф ви каже „само направете го тоа“ (или just do it во овој случај) кога разговарате за некоја задача, веројатно веднаш и автоматски ќе помислите на слоганот на Nike.
Ова е неверојатно брендирање и гарантира дека луѓето се сеќаваат на обувките на Nike во различни контексти.
Во прилог, разгледајте ги овие креативни маркетинг кампањи во 80-тите и инспирирајте се за некоја ваша следна кампања 🙂