5 причини зошто на вашата e-продавница веднаш и е потребна мобилна апликација

 

Е-продавниците и мобилната e-трговија (м-трговија) играат различни улоги во шопинг искусвото и служат различни публики. Она што е од суштинско значење е да не гo занемарувате искуството преку мобилните уреди додека создавате стратегија за е-трговија за вашиот бизнис.

Според истражување на Pew, 8 од 10 Американци купуваат онлајн, а 51% од нив користат мобилни уреди за шопинг. Ако не остварувате мобилен сообраќај, вашиот бизнис најверојатно пропушта важни конверзии, дури и додека го читате ова.

Додека user-friendly е-продавница е одлична почетна точка при започнување на вашето искуство со м-трговија, имањето мобилна апликација има различни предности во однос на веб-страниците. Па така, ви претставуваме пет привлечни причини зошто вашиот бизнис за е-трговија треба да се стреми кон развој на мобилна апликација, покрај постоечкиот веб сајт:

1. Лесна употреба и подобро корисничко искуство

Дури и ако имате user-friendly веб-страница, секој пат кога корисникот ја отвара истата, прелистувачот постојано ќе го поттикнува корисникот да се најави на својот профил за да продолжи со купувањето. Во случај на мобилни апликации, деталите за корисникот се чуваат во апликацијата и корисниците треба да се најават само еднаш, кога ќе ја преземат апликацијата.

Бидејќи корисниците не треба да се најавуваат секој пат кога купуваат, леснотијата на користење е поголема, а воедно и задоволството на корисниците. Мобилните апликации исто така им овозможуваат на корисниците поедноставна навигација и целокупното корисничко искуство во однос на веб-страницата.

2. Пристап до одликите што ги имаат телефоните

Одликите кои ги нуди еден мобилен уред може да се искористат преку мобилни апликации, што не е можност во случај на веб-страници. Интеграцијата на вградените компоненти на smart уредите како GPS и камера му овозможуваат на корисникот зголемено корисничко искуство. Интерактивно купување со користење на виртуелна реалност е одлика која ја има само кај апликациите.

3. Користење на мобилните апликации како канал за маркетинг

Апликациите за мобилни телефони ви даваат шанса да им дадете на клиентите унифицирано искуство. Апликациите можат да овозможат интеграција на социјалните медиуми што комбинира различни канали за engagement на купувачи. Преференциите на клиентите се зачувуваат во рамките на апликацијата, што доведува до прилагодена содржина да се прикаже на релевантните клиенти.

Користењето на гео-центрирање и испраќање нотификации до уредот на корисникот кога се во близина на физичките продавници или во случај на специјална понуда или попусти, исто така може да резултира во поангажирана база на купувачи.

4. Беспрекорен исход со повеќе опции за плаќање

Напуштањето на кошничката е најголем проблем со кој се соочуваат малопродажните бизниси. Без разлика дали се во физичка продавница или на е-продавница, по веројатно е клиентите да се откажат од остварување на шопингот ако процесот за наплаќање изгледа комплициран.

Мобилните апликации ја отстрануваат потешкотијата од процесот на наплата, правејќи го интерактивен. Распространетата популарност на мобилните паричници (во кои се зачувуваат вашите податоци) постои само затоа што тие овозможуваат брза обработка на трансакциите. Опции како што е fingerprint и facial recognition помагаат да се отстрани потешкотијата при плаќањето со овозможување побрза автентикација.

5. Вклучување на напредна технологија за интерактивно искуство со клиентите

Мобилните апликации и технологијата одат рака под рака. Вклучувањето на виртуелната реалност во апликациите за смартфони е веќе во тек, со брендови како што се IKEA и Sephora кои ја предводат трансформацијата. Вклучувањето на AR / VR во апликациите ги прави поинтерактивни и резултира во поголем ангажман од страна на купувачите.

Апликациите исто така овозможуваат интеграција на вештачката интелигенција во форма на chatbots, со цел да му се олесни клиентот во потрагата по своите преферирани производи. Персонлизираните асистенти за купување кои се предводени од алгоритми за учење машини наскоро ќе станат секојдневие, правејќи го шопингот лесен и забавен – како што треба да биде.

Извор: Entrepreneur

 

 

 

Поврзани содржини