5 работи за кои треба да се информирате пред да отворите онлајн продавница

Е-трговијата е премногу важна за да се игнорира, таа отвара нови продажни канали и развива важни врски помеѓу трговците и купувачите кои понатаму може да се претворат во важен сегмент за успех. Пред да се отвори онлајн продавница, важно е да се знаат предизвиците со кои може да се соочи е-трговецот. Затоа, денес со вас споделуваме пет важни работи кои треба да ги имате предвид кога својата продажба ја проширувате на интернет.

Најдете ги вистинските партнери

Откако ќе направите веб сајт, важно е да се фокусирате на наоѓање на вистинските партнери кои ќе ви помогнат со платежните процесори, одржување на сајтот, грижа за корисници, достава и сите останати процеси. Истражете за да знаете во која област ќе ви биде потребна помош, какви услуги се нудат во таа област и како се движат цените. Доколку имате потреба, консултирајте сопственици на компании од областа во која сакате да работите за да добиете препораки и совети.

Овозможување лесен начин за наплата

Клиентите сакаат избор, па бидете спремни да им овозможите да платат како и да сакаат.  Тоа е добар начин да се зголеми задоволството на клиентите и да се помогне да се зголеми продажбата. Овозможете и да се зачуваат информациите на клиентите за следниот пат кога ќe нарачаат кај вас да не мора повторно да ги внесуваат истите податоци. Меѓутоа, обезбедете сигурност и заштита за нивните податоци.

Усогласување на онлајн и офлајн плаќања

Усогласувањето на нарачките на веб продавницата и во физичката продавница може да биде предизвик. Изберете алатки кои ќе ви помогнат во нивна синхронизација. На пример, некаков сметководствен систем/софтвер кој добро ќе ги интегрира податоците за наплата. Така ќе заштедите на време и на енергија, а нема да има потребна за рачно сортирање на табеларни пресметки и фактури.

Проширете ја базата на купувачи

Една од придобивките кај е-трговијата е што отвара нови можности за вашата компанија, односно проширување на глобалниот пазар. Меѓутоа, при проширување на други пазари, важно е да се прилагодите на тамошните клиенти и на нивните потреби и преференции. Клучните работи за проширување на интернационално ниво се преводи на веб страната, безбедносни методи за наплата, цени кои овозможуваат да се натпреварувате со локалните е-трговци, информации за тамошните давачки и даноци и трансапрентност при трансформирање на валутите.

Поврзување на искуства во физичката и онлајн продавницата

Важно е потрошувачките искуства да ги услогласите и да ги обезбедите на двете места. Обидете се да го прилагодите ова, а сепак да останете уникатни и да креирате ангажирачки искуства за клиентите. Ваквите искуства ќе ви помогнат да се зголеми продажбата, а клиентите вашата онлајн и офлајн продавница нема да ја перцепираат како два различни субјекти.