4 Трендови на е-трговија на кои треба да се обрне посебно внимание во 2019 година

Со се поголемиот раст и конкурентност на онлајн малопродажниот простор, потребно е адаптација на трендови од страна на претприемачите.

Е-трговијата ужива рекордна 2018 година, при што се проценува дека глобалните приходи од продажбата достигнаа 2,8 трилиони долари, според Statista. Оваа година оваа бројка се очекува да порасне до 3,5 трилиони долари. Ако го погледнеме од перспектива, каде индустријата за електронска трговија е земја, тaа ќе се позиционира на петтото место, пред Обединетото Кралство, чиј БДП во април 2018 година изнесуваше 2,61 трилиони долари.

Имајќи ги во предвид овие податоци, не е ни чудо што има толку возбуда околу иднината на онлајн малопродажбата. Спротивно на целата возбуда околу електронската трговија, не треба  да се заборави дека овој сегмент изнесува само 11,9% од вкупната продажба на мало во целиот свет. Затоа, пазарот има извонреден капацитет за раст во текот на следната деценија.

Подолу, ги идентификуваме 4те трендови во е-трговијата на кои претприемачите треба да обрнат посебно внимание.

1. И помалите бизниси користат голем обем на податоци

Да, ние слушнавме многу за големиот обем на податоци во текот на изминатите две години, но тоа не оди подалеку. Како што се повеќе луѓе се соочуваат со овој нов ресурс, нивниот напор се повеќе ќе ги одвои успешните од помалку успешните бизниси во електронската трговија. И оваа поделба нема да биде ограничена само на најголемите компании за е-трговија, бидејќи и конкурентите од средниот опсег сега ги користат нивните резерви на податоци за да воведат уникатни идеи.

Големиот обем на податоци, всушност, им помага на претприемачите да ги анализираат трендовите, однесувањето на купувачите, и кои се производи се продаваат. Докажано е дека подобрувањата во грижата за корисници, безбедноста и мобилната трговија е од значителна помош на е-трговијата. Големиот обем на податоци, исто така ја снабдуа и вештачката интелегенција(artificial intelligence (AI)) која што прави револуција во индустријата (повеќе за ова подолу).

На кратко, големиот обем на податоци најверојатно ќе го напојува идниот развој на вашиот бизнис во е-трговијата. Ако планирате да останете во индустријата долгорочно, би било мудро да ги проучите најновите случувања.

2. Одлична услуга на клиенти

Купувачите се повеќе навикнуваат на погодностите од е-трговијата, а претприемачите треба да се осигураат дека искуството на купувачите ги задоволува нивните растечки очекувања. Процедурата на купување  треба да биде охрабрувачка, мирна и сигурна. Продавниците, исто така, треба брзо да одговорат на потребите, прашањата и проблемите на купувачите.

Една студија на “Американ Експрес” откри дека повеќе од половина од анкетираните Американци го откажале купувањето поради лоша услуга. Вие не треба да бидете тој претприемач на другиот крај, на тој тип на трансакција. Наместо тоа, постојат неколку начини на кои можете да доставите извонредни услуги на клиентите:

Обезбедете брза проверка: Премногу продавници за електронска трговија сѐ уште имаат непотребно премногу услови за наплата. Размислете дали ви требаат повеќе од две фази, односно, можете да ги пополните деталите на една страница; потоа потврдете ги тие детали и ставки на следната.

Бидете одговорни: Без разлика дали станува збор за социјални медиуми, за вашиот веб-сајт, е-пошта или телефон, вашиот бизнис треба да одговори на било какви прашања навремено и професионално. Зголемен е бројот на продавници кои нудат разговор во живо на нивните сајтови, а одговорот на клиентите е убедливо позитивен.

Понудете им персонално искуство: Користете ја историјата на купување на вашите клиенти за да испорачате персонализирано шопинг искуство. Ова е нешто што Амазон го усоврши до уметничка форма во последниве години, насочувајќи ги своите клиенти на производите кои се најрелевантни за нив и постои поголема веројатност да ги купат.

Слушајте ги вашите клиенти: Бидете проактивни во потрага по повратни информации и прашувајте ги вашите клиенти за нивното искуство. Прашувајќи за повратни информации, ќе обликувате целосен поглед на вашиот бизнис и како тој се перципира. Не се плашете да одговорите на критиките, дури и ако тоа е во јавноста. На овој начин, ќе ги идентификувате вашите слабости и ќе им докажете на клиентите дека сериозно ги прифаќате поплаките.

Пред сѐ, разберете дека обезбедувањето одлична услуга за клиентите веќе не е бонус за бизнисот во е-трговијата. Сега тоа е норма.

3. Подобрена вештачка интелегенција АИ (Artificial Intelligence (AI))

Artificial Intelligence (AI) им овозможува на машините да учат од искуство, да се прилагодуваат на новите инпути и да извршуваат човечки задачи

Без добри, добро подредени податоци, нема да можете да ги прифатите најновите технологии кои можат да воведат дополнителни приходи за вашата e-продавница. Вештачката Интелегенција веќе е евидентна во многу продавници за електронска трговија. Оние автоматски разговор во живо, напредна анализа на податоци и алатки за управување со залихите? Сите тие се обезбедуваат преку АИ.

Сепак, постојат примери на продавници што преминаа на повисоко ниво со цел да обезбедат повисоко персонално искуство за клиентите. Брендот, The North Face, неодамна го претстави дигитализираниот личен купувач кој може да ги насочува потрошувачите кон производите.

4. Подобрена персонализација

Еден од факторите за успехот на Амазон е неговиот напреден алгоритам за препораки на производи, кој води до 35 проценти од вкупната продажба на компанијата. Користејќи ги купувачките навики, интереси, па дури и историјата на прелистување, овој гигант е способен да ги промовира производите што клиентите најмногу ги купуваат.

Гледајќи подалеку од Амазон, препораките за производи се покажаа ефикасни во обезбедување персонализирано шопинг искуство и зголемување на приходите за продавници. Клучот е да ги поставите овие препораки на оптимални позиции во процесот на купување.

Прво, осигурајте се дека препорачаните производите за вашите купувачи се видливи на почетната страница, или веднаш после логирањето. Потоа, откако ќе додадат производи во нивната кошничка, осигурете се дека сте предложиле комплементарни производи. Можете исто така да сугерирате производи во моментот на одјава.

За крај…

Претприемачите кои земаат проактивен пристап, ги прифаќаат најновите достигнувања во технологијата и ги користат податоците, ќе ги искусат и придобивки во електронската трговија. Како што вештачлата интелегенција(Artificial intelligence (AI)) почнува се помасовно да се користири, од суштинско значење е сопствениците на е-бизнис да се прилагодат кон следното ниво. Едноставен plugin за препораки на производи веќе не е доволен; треба да бидете проактивни и да ги користите алатките на вистински начин, со уредно обработени податоци, за да го максимизирате нивниот потенцијал.

Извор: Entrepreneur