334 учесници | 13 говорници | 8 теми – Ден #1 од третата конференција за е-трговија

Првиот ден од Третата годишна конференција за е-трговија го одбележавме со 334 учесници, 13 говорници и 8 внимателно избрани теми со цел опфаќање на клучните елементи во синџирот на е-трговијата.

Учесниците со воведно обраќање беа поздравени од претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска и Н.Е Кејт Мери Брнс, Амбасадор на САД во Република Северна Македонија. Потоа, се запознавме со клучните сознанија кои произлегоа од извештајот од анализата на е-трговија кој е фокусиран на напредокот на е-трговијата 2017-2019 со посебен осврт на влијанието на Covid-19 во 2020.

Го продолживме текот на конференцијата разработувајќи го импактот на COVID-19 на бизнисите кои се бават со е-трговија. Прво видовме како пандемијата влијаела на бизнисите во Европа преку говорот на проф. Јориј Абрахам, а потоа и на локално ниво преку панел дискусија со македонски е-трговци Иво Стојановски од А1, Драгана Ѓокиќ од Grouper.mk, Драган Јосифовски од Paket.mk и Андреа Чапаровски од Sport M кои го споделија своето искуство во врска со е-трговијата и covid-19.

Со Барбара Сеса зборувавме за тоа дека заедно со промените во секојдневниот живот предизвикани од covid-19, настанаа и промени при однесувањето на купувачите при плаќање. По оваа дискусија настапија панелистите Симона Лошкова од ДХЛ Македонија, Игор Гешовски од Eco Logistic и Роберт Тодоровски од Kliknijadi.mk кои разговараа за есенцијалното значење на доставата како дел од синџирот на е-трговијата за време на рестриктивните мерки.

Знаејќи дека во текот на изминатата година комуникацијата помеѓу луѓето најчесто беше спроведувана преку дигитални канали, заедно со Никола Спасов разговаравме за тоа како доколку бизнисите сакаат да го надминат овој непредвидлив период, мора да го адаптираат начинот на нивната дигитална комуникација, како и во својот тим, така и со своите купувачи.

Кога станува збор за искористување на еден предизвик и претворање на истиот во можност – дискутиравме со Јана Дурнева од Philip Morris International за отворање на новата IQOS е-продавница во пикот на глобалната пандемија.

Првиот ден од конференцијата го завршивме со Рамон Перез од Barner кој го акцентираше огромното значење на луѓето и тимот кој стои зад еден бизнис кога станува збор за едно работно место.

Утре, на 26.11 ќе биде во тек вториот ден од Третата годишна конференција за е-трговија каде што дискусиите ќе се запознаеме со нови маркетинг тактики, ќе го ставиме фокусот на купувачите и како можеме да го подобриме нивното шопинг искуство, а конференцијата ќе ја затвориме со панел дискусија чиј фокус ќе биде на женското претприемништво во светот на е-трговијата.

Се гледаме во 09:00!