Новости од е-трговија

Tри клучни принципи за онлајн брендирање кои треба да ги знаете и примените

Во свет полн со брендови истакнувањето над другите може да биде предизвик. Реномираните брендови со препознатливи понуди и вредности се оние кои се забележани од купувачите. Без разлика дали бренд е нов на пазарот или е добро воспоставен, останувањето релевантен е од суштинско значење за да се издржи тестот на времето и да се создаде “долготрајност”.  Природата на брендовите е циклична. Тие можат да започнат навистина силно со привлечен производ, но со тек на време можат да почнат да губат импулс.

Затоа ниту еден добар бренд не останува на едно место. Секогаш мора да се размислува напред и да се гледа што е следно на хоризонтот. Брендовите кои се отворени за нови можности се оние кои (о)стануваат профитабилни. Со таков начин на функционирање Netflix стана пионер во онлајн стриминг, а почна како бренд за доставување на DVD преку пошта. Промената со текот на времето е клучна за прогресија и напредок.

Но, иако е важно да се остане на врвот на трендовите, не само кога станува збор за брендирање, постојат три суштински принципи кои треба да ги имате на ум без разлика на вашата индустрија. 

  1. Цврста, добро изработена веб-страница

Без оваа стратегија за брендирање, никој нема да го најде вашиот бизнис. Силното онлајн присуство е клучно за успехот, бидејќи веб-страниците се еден од главните начини на кои потрошувачите го откриваат брендот. Купувачите очекуваат да направат пребарување на клучни зборови и да го најдат одговорот на нивниот проблем на интернет. Ако не сте таму, вашата компанија нема да биде таа што ќе го реши тоа за нив.

Дури и ако вашиот бренд има веб-страница, вашата работа не е завршена. Мора постојано да го ажурирате. Дали имате наведени производи кои повеќе не се на залиха и нема да бидат достапни во догледна иднина? Дали наведувате часови на работа или други клучни информации за вашиот бренд (достава, начин на плаќање, рефундирање на средства)? Вашиот сајт е начинот на кој вашиот бренд се прикажува себеси пред светот. Кога вашата веб-страна е застарена, вашиот бизнис изгледа слабо управуван.

Друга причина зошто ви треба силна веб-страница е SEO. Вашата веб-страница не може само да постои; исто така мора да се појави високо на страниците со резултати од пребарувачот за да биде забележанa. Клучно е создавањето квалитетна содржина што е корисна за вашите постоечки и идни клиенти. Можете исто така да користите алатки за анализа на конкурентите за да видите како вашата конкуренција се појавува во пребарувањето и да одредите кои клучни зборови треба да ги нагласите во вашата содржина. Овие напори можат да помогнат во зајакнувањето на вашето SERP рангирање, создавајќи уште посилно онлајн присуство за вашиот бренд.

 

  1. Елементите на дизајнот мора да бидат конзистентни и усогласени со вашиот бренд

Nike со својот swoosh, МcDonald’s со своите златни лакови и Apple со своето јаболко се само три примери на бизниси со постојано брендирање. Без разлика каде сте во светот, ќе ги препознаете овие логоа. Маркетинг стратегиите може да се менуваат со годишните времиња, но овие логоа остануваат препознатливи бидејќи се конзистентни.

Иако блескавото брендирање на почетокот може да биде привлечно, ако не е доследно и добро усогласено, нема да биде незаборавно. Истражувањата покажуваат дека брендовите  имаат само седум секунди за да остават прв впечаток кај потрошувачите. Кога го дизајнирате вашето брендирање, важно е да размислувате долгорочно. Кој дизајн или бои би ја пренеле природа на брендот? Кои фонтови се уникатни, но и читливи? Каква емоција предизвикува брендирањето?

Пред да се решите за вашиот конечен дизајн, погрижете се да се усогласи со ветувањето за вашиот бренд и да го одразува тонот и гласот на вашиот бренд. Сето ова е дел од карактерот на вашиот бренд, поточно типот на однос што сакате вашите клиенти да го имаат со вашиот бизнис. Доследно, добро усогласено брендирање може да остане во колективната меморија многу подолго од очекуваното. 

 

  1. Редовното присуство на социјалните медиуми is a must

Слично како силното присуство на веб-страница, постојаното присуство на социјалните мрежи може да направи „чуда“ за вашиот бренд. Исто како што потрошувачите бараат одредени брендови, тие исто така се обраќаат до нивните социјални канали за да ги откријат и да научат за нив. Тоа е особено важно сега кога социјалните платформи ги проширија своите можности за да вклучат трговски решенија. Instagram Checkout и TikTok Shopping им даваат на потрошувачите причина прво да одат на социјалните мрежи за да купуваат директно од нивните омилени брендови.

За вашите напори на социјалните мрежи да се исплатат, мора да бидете доследни. Брендовите треба редовно да објавуваат содржини за да останат вредни за внимание; заборавањето да објавите едноставно не е опција. За среќа, има многу што можете да ѝ кажете на вашата публика. Можете да ги користите социјалните медиуми за да ги информирате потрошувачите за лансирањето на нови производи, деловни ажурирања, соработки и многу повеќе. Концентрирањето на неколку социјални канали постојано – наместо на секој канал во различни интервали – ќе биде покорисно на долг рок.

Колку што е важно присуството за да им дозволите на потрошувачите да дознаат за вас, исто така претставува златна можност за вас да научите за нив. Вие и вашиот тим можете да видите кој ја следи страницата на вашиот бренд на различни канали и да ја запознаете вашата публика. Ова може да ви помогне да развиете подобри маркетинг кампањи за да привлечете нови клиенти. Можете исто така да дознаете кои типови на објави функционираат најдобро и кога. Прилагодувањето на вашите објави за подобро усогласување со она што го бараат вашите потрошувачи е победничка стратегија.

 

За да воспоставите бренд што го привлекува и го задржува вниманието на потрошувачите, потребна ви е стабилна, сериозно изработена веб-страница, конзистентни и усогласени елементи за брендирање и силно и постојано присуство на социјалните медиуми. Прифаќањето на овие три принципи за онлајн брендирање ќе го подобри впечатокот за вашиот бренд и ќе ви помогне да останете пред конкуренцијата. Уште поважно, тие ќе ви овозможат да останете релевантни за вашата постојана публика на долги патеки.