2 години АЕТМ & предновогодишна прослава

Поминаа две години од нашето основање и две години како напорно работиме на подигнување на свеста за важноста на е-трговијата, за мапирање на предизвиците и за едуцирање на сегашните и потенцијалните е-трговци.

2019 година ја започнавме со голем ентузијазам благодарение на довербата која ни ја укажaа сите компании од синџирот на е-трговијата, организации, владини институции и индивидуалци кои се приклучија здружено да делуваме кон подобро утре за е-трговијата во земјава.

Оваа година станавме дел од европското семејство на асоцијации за е-трговија Ecommerce Europe, потоа заедно со нашите партнери изработивме анализа со потенцијали, предизвици и препораки за развој на е-трговијата во С.Македонија, организиравме повеќе едукативни настани и поедноставуваме постапки за да го подобриме процесот на е-трговијата кај нас. Ја организиравме најголемата и најпосетената конференција за е-трговија во Македонија, преку која заеднички покажавме дека бизнисите навистина може да пораснат со воведување и добро менаџирање на е-трговијата. Организиравме тркалезна маса со сите засегнати институции и е-трговци со цел сузбивање на сивата економија и намалување на нелојалната конкуренција. Го организиравме првиот Мастерклас за жени во е-трговија и дигиталните индустрии за земјите од Западен Балкан, присуствувавме на повеќе меѓународни конференции од областа на е-трговијата, каде наши претставници имаа активно учество како панелисти или учесници, каде АЕТМ беше прикажана како светол пример за развој и придонес на е-трговијата во една земја.

На крајот од оваа успешна и исполнета година, со нашите ценети членови, соработници, пријатели и партнери во духот на предновогодишното расположение, заеднички наздравивме, прославивме и си посакавме уште подобри и поуспешни моменти во 2020 година.

Сите фотографии од предновогодишната прослава можете да ги погледнете овде.