10 трендови за е-трговија во 2018 година

Развојот и можностите за електронска трговија е поголема од кога и да е било порано. Сè повеќе и повеќе од корисниците се пренасочуваат кон онлајн купување, па поради тоа е-трговците треба да ги знаат најголемите трендови во индустријата и да ги инкорпорираат во своите бизнис модели со цел да ги обезбедат услугите и искуството кое клиентите го сакаат.
Растот на е-трговијата носи до постојано менување на потрошувачките трендови и навики, па затоа од суштинско значење за е-трговците е брзо да се приспособуваат на потребите на пазарот и да не заостануваат во однос на конкурентите.
Од тие причини со вас споделуваме неколку светски трендови за е-трговијата кои вреди да се практикуваат низ целата година.

1. Review marketing

Review marketing (прегледи, оценки) му овозможуваат на корисникот да даде искрен фидбек на неговото искуство за тој што ја нуди услугата. Колку повеќе позитивни оценки и препораки се добиваат, толку е подобра сликата за бизнисот. Воедно, ова е одличен бесплатен маркетинг. Бизнисите кои ги покажуваат негативните критики наместо само позитивните генерално добиваат поголема доверба од корисниците бидејќи покажуваат искреност и транспарентност. Затоа е потребно да се мотивираат корисниците да напишат свој впечаток и искуство преку различни механизми, на пример давање на попуст на оние кои оставиле review.

2. Содржина генерирана од корисници

Се покажало дека содржината генерирана од корисниците е за 20 проценти поинфлуентна отколку содржината создадена од било кој друг кога станува збор за влијание врз миленијалците. Ваквиот начин на комуникаицја дополнително ја зајакнува конекцијата помеѓу давателот на онлајн услуги и корисникот. Сајтовите на е-трговците е потребно да ги охрабруваат своите корисници да објавуваат сопствени содржини а за тоа да добијат награда (repost на објавата, попуст итн.)

3. Мејл комуникација

Препорачливо е избегнување на многу мејл известувања, без некоја посебна причина. Мејловите како алатка на е-трговците имаат ефект кога се испраќаат на корисник кој го напуштил сајтот без да ја заврши до крај нарачката, недовршени трансакции или пак корисник кој долго време не искористил никаква услуга. Корисниците ваквиот начин на комуникација најверојатно ќе го протолкуваат позитивно, во насока дека тие се навистина ценети и важни за трговецот, а ова ќе ги направи склони да останат верни корисници.

4. AR и VR

Augmented reality ili Virtual reality значи искористување на дигиталните технологии за овозможување на генерирана претстава за физичкиот, реалниот свет и опкружување, преку камери, видеа и слики. Ваквиот начин на комуникација веќе е употребуван од дел од е-трговците, а најдобар пример за ова е играта Pokemon Go, која се здоби со милиони корисници во 2016 година, а е AR игра која овозможи во реално време и во секојдневно опкружување да се фаќаат покемони. Се претпоставува дека во 2018 година, 171 милиони луѓе ќе го користат овој начин на промоција и комуникација на своите услуги, на пример како виртуелна посета на шопинг центри.

5. Дигитално плаќање – дигитален паричник

Зголемувањето на употребата на телефоните при онлајн купувањето ја истакна потребата од брз и едноставен начин за дигитално плаќање. Сигурноста која овој механизам за плаќање ја нуди е поен плус за негова употреба, а многу од е-трговците нудат попусти или други бенефиции доколку платиш онлајн. 23% од дигиталните плаќања се направени преку смартфони, 19% преку таблети и 16% преку десктоп уреди.

6. Chat boots

На купувачите доста често им треба совет, насока или решение по завршувањето на работното време на трговците, а во денешно време очекуваат посакуваниот одговор да го добијат инстантно. Chat boots на веб сајтовите на е-трговците претставуваат сервис за грижа на корисници кој работи 24/7 со цел барањата да бидат одговорени без да има потреба да се чека до наредниот ден. Купувачите ги ценат ваквите опции, особено доколку нивниот проблем/барање е решено веднаш, а преку ова индиректно се гради и репутацијата на трговецот.

7. Маркетинг преку инфлуенсери

Е-трговците постојано бараат онлајн инфлуенсери за да им ги водат маркетинг стратегиите. Соработката со луѓе кои се влијателни онлајн вродува со голем плод кога станува збор за маркетинг, имајќи предвид дека овие луѓе знаат како да ја таргетираат и заинтересираат публиката и корисниците за утврдената цел.

8. Снепчет маркетинг

Иако постојат многу социјални мрежи преку кои е-трговците може да се рекламираат, Снепчет е најефикасната, имајќи на ум дека станува збор за мрежа која се користи на дневно ниво а е наменета за споделување на кратки видеа.

9. Do it yourself (DIY) платформи и дистрибуција

Многу од е-трговците започнуваат да работат на платформи наречени DYI – Do it yourself, каде всушност им овозможуваат на купувачите да се запознаат и да го искусат процесот од перспектива на продавач и купувач истовремено и директно да се запознаат со процесите. Покрај ова, се дава шанса на креативните корисници да имаат директен бенефит и директно да учествуваат во креирањето на продуктот што ќе го купат.

10. Достава истиот ден

Кога почна да се развива е-трговијата, купувачите го имаа прифатено фактот дека се потребни повеќе денови за да се случи достава. Меѓутоа, сега веќе никој не сака да чека повеќе од 1-2 дена. Податоци од истражување покажуваат дека 30% од купувачите ќе доплатат повеќе пари за продукт купен онлајн, само за да им биде доставен истиот ден. Многу е-трговци воспоставуваат мрежи за дистрибуција на ниво на локални центри за да може продуктите многу побрзо да бидат доставени до купувачите. Ова воедно го намалува товарот на центрите за испорака и централизираната достава.

Извор: http://www.ecommerceweek.co.uk

Поврзани содржини