Пазар3.мк прославува 13 години постоење

Најголемиот веб сајт за огласување во земјава, www.Pazar3.mk, 13 години е место каде што со еден клик сите можат да пронајдат се што им е потребно и да продадат тоа што не им треба. Да се биде водечки веб сајт за онлајн огласување 13 години покажува многу работи. Довербата и задоволството на корисниците е еден од клучните фактори за успех!

Бројките од 2 500 нови огласи секој ден и над 40 000 активни корисници дневно, се само доказ за тоа дека www.Pazar3.mk е водечки онлајн пазар за мали огласи.

Тимот на Пазар3 вели: “Главната цел на нашата компанија е задоволството на нашите корнисици кои секојдневно огласуваат најразлични продукти и услуги. Лојалните корисници кои од првиот ден се со нас, ја знаат моќта на Pazar3. Без разлика дали се физички лица или компании, Pazar3 на сите корисници им нуди најразлични опции за огласување. Моментално имаме над 2 300 активни продавници на веб сајтот, што успешно функционираат и преку нас продаваат онлајн. Сакаме да им се заблагодариме на сите наши корисници, партнери и соработници за придонесите до денес. Веруваме дека ќе имаме уште поголеми успеси заедно. Работиме на подобрување на сите наши услуги и во наредниот период ќе следуваат уште многу новитети.”

Доколку сакате да го пронајдете вашиот нов автомобил, нова куќа или телефон или доколку сакате да се ослободите од работите кои не Ви требаат, посетете го www.Pazar3.mk.

Поврзани содржини