Од 03.07 се пушта во оперативна примена новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)

Царинската управа ве известува дека почнувајќи од среда, 03.07.2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција во сите царинските испостави, освен во царинските испостави Гевгелија – Отсек за стоково царинење (4020), Табановце – Отсек на стоково царинење (2030), Пошта Скопје (1025) и Скопје 3 (1013). Сите увозни декларации почнувајќи од овој датум во наведните царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

Уште еднаш напоменуваме дека основните услови за да можете да поднесeте електронска царинска декларација во СОЦДАД се:

–          да поседувате електронски потпис (сертификат);

–          да имате одобрен пристап до СОЦДАД;

–          доколку поднесување на декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да сте побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД;

–          сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД.