[ЕДУКАТИВНИ ВИДЕО ЗАПИСИ] Како подобро да се разберат царинските постапки

Царинската управа на Република Северна Македонија ја одбележа успешната реализација на  проектот „Како подобро да се разберат Царинските постапки“, во чии рамки беа изготвени едукативни видео записи во кои на едноставен и сликовит начин се прикажани основните и најважни теми за царинското работење.

Овој проект е реализиран со финансиската поддршка на холандската агенција „Нуфик“ (независна, непрофитна, холандска организација за интернационализација во образованието), преку креативните решенија и анимации изработени од страна на ОХО и холандската КГХ (KGH Douaneopleidingen), со која Царинската управа има потпишано Меморандум за соработка.

Промоцијата на видео записите и нивната цел, се одржа во просториите на Стопанска комора на Република Северна Македонија, со поздравен говор од директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски, како и обраќање од заменик амбасадорот на Кралството Холандија Андри ван Менс, Бенедикт Меиле претставник од KGH Douaneopleidingen од Холандија и Пеце Талески извршен директор на ОХО Продукција.

Избрани теми за обработка беа: рарифно распоредување, Царинска вредност, правила за потекло, инкотермс правила и наплата и учество на царината во  приходите.

Царинска вредност: 

Потекло:

Тарифно распоредување:

Наплата:

INCOTERMS:

 

Проектот „Како подобро да се разберат Царинските постапки“ е дел од низата проекти и активности што Царинската управа ги спроведува со цел доближување на царинското работење до бизнис заедницата, за олеснување на трговијата, но и во насока на транспарентност во работењето и општествена одговорност.

Целта на видео записите е подигање на свеста на пошироката јавност, односно сите граѓани без разлика на возраст, кои досега немале допирни точки со царинските постапки при нивната работа, да се запознаат со дел од работата и финансиската улогата на Царинската управа, на еден современ аудио-визуелен начин.

Царинската управа, како што наведуваат во соопштение, е одговорна за наплата на 50 отсто од давачките што ја полнат државната каса. Правилното утврдување на потеклото, тарифниот број и царинската вредност се неопходни елементи при точна пресметка на царинските давачки, каде спаѓаат: царина, акцизи, ДДВ и други надоместоци.

Оваа промоција се случува на само неколку дена пред почетокот на примена на новиот систем за обработка на царински декларации, со што работењето на хартија целосно ќе се замени со електронски решенија. Притоа, значително ќе се поедностави работата на сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креира поефикасна и модерна царинска околина.

Поврзани содржини