Инфлуенсери се луѓе кои се почитувани, гледани и слушани во некоја специфична индустрија од голема публика. Тие се категоризираат според нивната способност да влијаат на мислењата на нивните слушатели. На социјалните мрежи, инфлуенсерите можат да помогнат еден продукт, пост или евент да биде добро прифатен од голема публика.
Во маркетинг трендовите последниве неколку години, инфлуенсерите се дефинитивно еден аспект на кои сите компании, најмногу e commerce бизнисите треба да обрнат внимание. Според истражувањето на Nieslen, околу 92% од потрошувачите веруваат на препораки од пријатели или фамилија, повеќе од било кој друг медиум на рекламирање. Како што маркетингот се менува и купувачите сe пософистицирано размислуваат, се помалку им веруваат на застарените рекламирања на одредени продукти. Напротив, тие сакаат да слушнат за персонализирани искуства и доклоку се пронајдат во некоја таква приказна, тие стануваат купувачи.
Убавината на инфлуенсер маркетингот е во тоа што има голем простор а креативност и не ги следи традиционалните правила на веќе застарени аспекти на маркетинг. Па затоа, корисниците добиваат персонализирано мислење околу некој продукт, и многу полесно стануваат потенцијални купувачи. Големата предност кај инфлуенсерите е тоа што можат да помогнат во градење на бренд за многу кратко време и значително помал трошок, додека порано требало многу повеќе време како и буџет за еден бренд да се развие, и купувачите да стекнат доверба во истиот. Но, како најзначителна бенефиција од инфлуенсерите е тоа што тие имаат огромен круг на пријатели и следбеници, па голема е веројатноста повеќе луѓе да разговараат околу брендот и да го шеруваат. Сето ова, доведува до голем раст на овој вид на маркетинг.
Како да распознаете инфлуенсери соодветни за вашиот бизнис и зашто се важни?
Партнерството со добро препознатливи индивиуи е одличен начин за вашиот бренд да биде прочуен за брзо време. Поради тоа што инфлуенсерите комуницираат едни со други и споделуваат продукти, публиката до која стигнуваат е огромна. За start up еcommerce бизниси, но и како и за веќе добро прочуени брендови кои сакаат да го обноват својот бренд и да му дадат дополнителен шарм на веќе постоечкиот продукт, за многу мала цена можат да допрат до многу луѓе. Сите веруваат повеќе на персонални искуства отколку на здодевни реклами, така што инфлуенсерите се одлична платформа која ќе ви помогне да влеете доверба кај купувачите за вашиот производ.
Инфлуенсерите доаѓаат во различни форми. Најчест облик се славните личности, кои рекламираат брендови подолго време. Но, како инфлуенсери се категоризираат и обични луѓе кои ги следи голема публика на социјалните мрежи. Овие личности најчесто се многу активни на социјалните мрежи, објавуваат, споделуваат и пишуваат за најразлични теми. За сега, Фејсбук се смета за најефективна платформа, но и Инстаграм расте се побрзо.
Покрај фејсбук, блоговите се исто така многу актуелни. Блогови кои се посетувани од посветена публика се дефинитвно најсигурниот и најбезбедниот начин за рекламирање преку инфлуенсери. Читателите веруваат во советите и препораките напишани на блоговите, се додека рекламирањето е во соодветна мера, додавајќи лични искуства и совети. Тежината во барањето на соодветен инфлуенсер е во тоа да се пронајде некој што вешто рекламира, без да го направи тоа многу очигледно за читателите. Испитувајте ги пред се социјалните мрежи кога сте во потрага по инфлуенсери и пробајте точно да одредите кои се соодветни за вас. Квалитетен блог е дефинитивно плус. Но, запатете дека не секој со многу следбеници е инфлуенсер.
Еден начин да воспоставите конекција со инфлуенсер е да и/му пратите бесплатно парче oд вашиот продукт и да влкучите персонализирана порака. Продолжете со соработка преку онлајн контакт. Покрај тоа, можете да ги влкучите и offline. Организирајте настани каде што ќе ги поканите, па на овој начин ќе воспоставите поквалитетна врска.
Инфлуенсерите се клучни во маркетингот на последната деценија. Ако вашиот бизнис може да воспостави добра соработка со инфлуенсер, веќе сте добиле половина од битката.