Новости од е-трговија

Четири статистички податоци за е-трговија за подобрување на вашата онлајн продавница

Секоја личност чија професија е маркетинг при е-трговија сака да биде во тек со трендовите кои се актуелни кај купувачите. Што повеќе информации се достапни во врска со нив, толку е по успешна продажбата. Треба да знаете што бараат и очекуваат потрошувачите кога купуваат преку Интернет, и да ја адаптирате вашата продавница која не само што ги исполнува, туку ги надминува тие очекувања.

Иако интуицијата често знае да послужи во овие случаеви, ништо не ги надминува конкретните факти кои можат да ви помогнат при градење на ефективна маркетинг стратегијата за вашата ecommerce продавница. Во оваа статија ќе ви предложиме четири статистички податоци за е-трговијата со цел подобро да ги разберете денешните потрошувачи и нивните навики за купување.

Статистика #1: Бројот на онлајн потрошувачи во 2017 е 1.66 милијарди

На светот има 7.6 милијарди луѓе, што значи дека 21,8% од населението купува онлајн. Според Statista, во 2021 година се очекува бројот да се зголеми на над 2,14 милијарди што значи дека бројот на потенцијални потрошувачи е огромен. Овие бројки се показател за големиот пазар кој може да се достигне со продавање на вашите продукти онлајн. Исто така, се индикатори за појавата на повеќе онлајн бизниси преку кои се создаваат бројни конкурентни пазари.

Статистика #2: Онлајн, мажите трошат 68% повеќе од жените

Според KMPG, во просек, мажите трошат 220 $ по трансакција во споредба со жените, кои трошат 151 $ по трансакција. Ова значи дека мажите трошат повеќе по трансакција бидејќи тие имаат тенденција да купат предмети со повисоки цени како луксузни производи и електроника, а воедно и да бидат поефикасни, да купат повеќе работи од еднаш и да го заштедат своето време. Ситуацијата е различна кај жените, тие имаат тенденција да купуваат помалку продукти со пониски цени како што се козметиката и храната.
При продавање продукти на машка публика, можете да го зголемите профитот со нудење на слични производи за кои купувачот е веќе заинтересиран, а воедно и пакети (bundles).

Ова е пример од Harry’s, каде при checkout се понудени продукти кои би ја комплетирале нарачката на купувачот без тој да мора да ја напушти својата количка.

Статистика #3: Генерацијата Х пазарува онлајн повеќе од Baby Boomers и Millennials

Според KMPG, Генерацијата X (луѓе родени помеѓу 1966-1981) врши повеќе онлајн купувања од која било друга возрасна група, во просек скоро 19 трансакции годишно. Ова може да дојде како изненадување за многумина со оглед на тоа дека Millenials (луѓе родени помеѓу 1990-2000) се дигитални домородци на нашето општество.

Со тек на времето, Millenials навлегуваат во работната сила и започнуваат свои семејства, па така нивната потрошувачка расте. Се очекува дека нивниот онлајн шопинг ќе се зголеми експоненцијално во иднина и далеку ќе ја надмине потрошувачката на интернет од постарите генерации. Па така, доколку сакате да го таргетирате тој пазар, ви треба вредност со која тие ќе можат да се идентификуваат. Тие ги гледаат продуктите/услугата како додаток на нивниот имиџ, па доколку продуктот не се совпаѓа, тие нема да го купат.

 

Статистика #4: Процентуално, купувачите ги отвараат 45% од и-мејловите за напуштени кошнички (Moosend)

Доколку некогаш сте ја напуштиле својата кошничка пред да ја комплетирате својата нарачка, шансите дека сте добиле информативен e-mail во врска со тоа се големи. Целта на тие и-мејлови е да се надминат сомнежите кај купувачот за потоа тој да стане клиент. Всушност, просечниот приход по еден e-mail за напуштена кошничка е 5,64 долари, во споредба со само 0,02 долари за промотивни пораки, и 0,18 долари за секој испратен “welcome“ e-mail што значи дека треба да се обрне внимание на задржувањето на интересот кај купувачот по напуштање на кошничката како што прават ManCrates :

 

Можеме да заклучиме дека за развивање на ефикасна маркетинг стратегија за вашата онлајн продавница бара знаење за статистики од сферата на е-трговијата, трендови и навики на потрошувачите. Па така, потрудете се да се запознаете со нив и да ја креирате продавницата од соништата.