fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

ЦАРИНСКАТА УПРАВА ВО ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКАТА ЦАРИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24.10.2019 година во Скопје ќе биде домаќин на 14-тата Светска царинска конференција ПИКАРД.

Изборот на Царинската управа и на Република Северна Македонија за домаќини на оваа конференција е потврда на реформскиот напредок на Владата на Република Македонија за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.

Тема на годишната светска конференција е „SMART BORDERS за непречена трговија, патување и транспорт“, потврдувајќи ја определбата за непречено движење на стоки, патници и транспортни средства преку границите. Главни теми што ќе се разговараат на конференцијата се: Анализа на големи податоци – Big Data Analytics, Координација и соработка на граници, Преку-гранична Е-трговија, Специјални економски зони, Технологија на граничните премини и намалување на протекционизмот.

На светската конференцијата се очеква да присуствуваат директори на царински управи од сите континенти, претставници на академската заедница, универзитети и институти.

Avatar

Post a comment