Новости од е-трговија

Стратегии за градење на вашиот бренд во е-трговијата

Конечно ја поставивте вашата онлајн продавница. Сепак, дури сега сфаќате колку е тешко да креирате своја трговска марка и да го направите соодветното брендирање на вашиот е-бизнис. За да ви помогнеме во оваа задача, направивме листа на најефикасните стратегии за градење бренд од вашиот нов е-бизнис.

1. Дефинирајте го вашиот бренд

Сѐ е до перцепцијата и до сетилата. Најк продава спортски чевли, но она што крајниот потрошувач всушност го купува е идеја. За најуспешните компании во светот, производите се само изговор. Она што тие всушност ви го продаваат е нивниот сопствен идентитет, поврзан со некои специфични вредности и начин на живот. Ако мислевте дека брендирањето е само графички дизајн, размислете повторно. Вистината е дека брендот на вашиот бизнис е насекаде, од начинот на кој што ги извршувате вашите услуги, до тонот што се користи во вашите е-mail кампањи. Како да постигнете ефективно брендирање?

Дефинирајте кој сте: напишете список на придавки што ја опишуваат вашата e-продавница, како да е личност. Размислете за тоа што нудите вие, што другите е-бизниси го немаат? Кои се вашите силни страни?

Дефинирајте ја вашата целна публика: идентификувајте го вашиот идеален клиент, дефинирајте кон која публика се насочени вашите производи. Не се натпреварувајте со цени. Размислете за себе како дилер на Ферари. Повеќето луѓе не можат да си го дозволат тоа, што во никој случај не ве прави помалку вредни, туку спротивно.

Дефинирајте го вашиот стил: одлучете како сакате да се преставите. Какви емоции сакате да разбудите кај потенцијалните клиенти? Со кои вредности сакате луѓето да ве поврзуваат?

По дефинирањето на овие прашања, вие ќе бидете подготвени да ги прикажете своите идеи со помош на графички дизајн преку создавање на лого, дефинирање на бои и на вашата корпоративна типографија.

2.  Додадете вредност користејќи content marketing

Никој нема да купи од вашата е-продавница при нивната прва посета – само затоа што вие постоите. Мора да понудите содржина која што е важна и интересна за вашиот клиент. Проверете дали и колку редовно создавате содржина, без разлика дали станува збор за постови на социјалните медиуми, видеа на вашиот Youtube канал или email кампањи.

3. Испланирајте стратегија за email маркетинг

Многу онлајн продавници мислат дека треба да бидат активни на што е можно повеќе социјални медиуми со цел да го зајакнат својот бренд, но реалноста е дека е email маркетингот е оној кој што всушност генерира продажба. Од суштинско значење е вашата веб-страница да им овозможи на луѓето да се претплаќаат/ пријавуваат за да добиваат известувања по мејл и да продолжите да ја зголемувате вашата база со контакти, така што клиентите ќе ги добиваат информациите за вашите производи директно во нивнот инбокс. Добра стратегија е да додадете таканаречен магнет на вашата страница, односно, бесплатно да подарувате некаква содржина што може да се превземе и зачува, во замена за претплата на вашата email листа. Тоа може да биде е-книга, бесплатен дизајн во pdf, табела, план на активности или слично.

4. Искористете го максимумот од пишувањето текстови

Подарувањето на бесплатни производи наведени во точката погоре е одлично, но не заборавајте дека вашата главна цел е сè уште иста: да продавате. Обидете се да ги испланирате сите текстови во вашата email кампања и на вашата веб страница во согласност со убедливите методи на пишување. Фокусирајте се на проблемот што ќе го решите за вашиот клиент и убедете ги дека секој ден што го поминуваат без купување на вашиот производ е потрошен ден. Секогаш вклучете и повик за акција на вашата веб страница.

5. Вклучете препораки

Никој нема да верува дека вашите производи се добри само затоа што вие така велите. Треба да користите коментари и препораки од луѓето кои ја поддржуваат вашата компанија. Колку е поголема вашата референтна листа или колку е подобра нивната позиција во секторот или во јавноста толку поголема вредност ќе имаат нивните препораки. Контактирајте ги инфлуенсерите од социјалните медиуми, кои ги делат истите вредности со вашата компанија и испратете им производи за да можат да ги испробаат, доколку е потребно. Тие ќе генерираат сообраќај кон вашата страница и следствено на тоа, поголема продажба.

6. Бидете внимателни со времето за испорака и понудете гарантиран поврат

Сигурно сте слушнале за Amazon. Во САД на пример, производот нарачан од Amazon обично пристигнува во рок од 24 часа и во случај да треба да го вратите, тие доаѓаат да го подигнат бесплатно и ви ги враќаат парите веднаш штом ќе го добијат производот. Целта е многу јасна: да се задржи клиентот задоволен. Освен самата продажба, најважно е да го одржувате вашиот углед долгорочно, купувачите да се враќаат кај вас и да ве препорачуваат во иднина. Запомнете дека инвестирањето време и пари за подобрување на вашата кориснична поддршка не е трошок, туку инвестиција која дава голем поврат.