fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Се одржа конгрес за е-трговија во Софија

На 11-ти мај се одржа конгресот за е-трговија во Софија на кој претставници на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија беа Виктор Стојкоски (Генерален секретар) и Филип Чижбановски (Заменик претседател).

На конгресот се зборуваше за: voice shopping, augmented reality and virtual reality, е-трговијата во Бугарија, инстаграм маркетинг за онлајн трговци – примери и резултати од реалноста, AMP (проект дизајниран да им помогне на веб корисниците да креираат содржини кои брзо се прикажуваат на мобилни телефони и други уреди), каде може да се продава, фејсбук маркетинг за е-трговци, performance marketing денес и во иднина, карактеристики на европскиот пазар, градење на лојалност во е-трговијата, GDPR, автоматизација на електронската трговија, следење на индустриската револуција, меѓугранична b2b трговија и иднината на е-трговијата.

 

 

Во склоп на конгресот се одржа и панел дискусија со претставници од Хрватска, Чешка и Бугарија на која се зборуваше за data regulation, за купување cash on delivery, за фактот дека купувачите се уште купуваат онаму каде што има најевтини цени, но и дека  сепак ова се менува, односно постепено потрошувачите се ориентираат кон лојалност и почнуваат да плаќаат преку картичка. Генерално, тројцата панелисти се надополнуваа и согласуваа со посочените работи а најголем фокус се стави на унапредување на е-трговијата и како да се следат трендовите. Во дел од земјите (на пример Хрватска) проблеми се законите за е-тровија бидејќи се доста стари закони и се немаат изменето иако со технолошкиот развој се менува обликот на трговијата и начинот на купување. (во Македонија е-трговијата се третира во Закон за трговија). Интересен податок е дека во Чешка, на 10 милиони жители има активни околу 40.000 е-трговци, додека во Македонија има околу 500 активни е-трговци. Како дополнителен проблем е и логистиката, односно доколку продавачот нуди достава, некогаш тоа знае да е доста скапо за одредени локации и места. Воедно, купувачите не сакаат многу често да плаќаат за достава, а сепак ги очекуваат нарачките истиот или следниот ден, што е уште еден од предизвиците за е-трговците. Во Бугарија, во последните 12 месеци, од вкупното население со пристап до интернет 26% направиле онлајн нарачка додека во Македонија, 20% од населението со пристап до интернет направило онлајн нарачка истата година. Од друга страна, 88% од онлајн купувачите во Бугарија во последните 12 месеци направиле нарачка од бугарски е-трговци, додека во Македонија овој процент е 31%.

 

 

Предизвиците, но и фокусот на е-трговците треба да бидат социјалните мрежи, односно маркетинг на Фејсбук или Инстаграм водени од квалитетни маркетинг специјалисти кои ќе знаат како да ја зголемат продажбата онлајн. Луѓето пребаруваат и се информираат онлајн, а доброто позиционирање на Google преку  SEO (Search Engine Optimization) е препорака за секој е-трговец бидејќи онлајн присуството ќе го зголеми успехот во офлајн светот. Artificial intelligence, big data, chat bots и персонализација се работите за кои треба да се дискутира во иднина за да се унапреди е-трговијата но и за да се следат светските трендови.

Еден од говорниците на конгресот беше и Cuneyt Erpolat од Alibaba.com кој напомена дека тие имаат глобални добавувачи но и глобални купувачи кои секојдневно им помагаат за поефективна и побрза работа. Тој нагласи дека ако ги имаш вистинските продукти и вистинскиот пристап, многу лесно можеш да успееш и да се наградиш. Поддршката од технологијата, тимот и искористување на податоците според него е најважно за да се обезбеди одлично искуство на купувачите.

 

 

На конгресот покрај претставници на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија имаше претставници од КИБС АД Скопје и ХалкБанк АД Скопје, додека говорници беа Cuneyt Erpolat од Alibaba.com, Lyubomir Cholakov од Isobar Commerce Bulgaria, Monika Miteva од DHL Express, Marcel Majsan од  eCommerce association Croatia, Nikola Minkov од Serpact, Viktor Dinev од Beyond ID, Velizar Velichkov од Grabo.bg, Dimitar Dimitrov од Inbound, Bilyana Dimitrova од Law office Stajkova and partners, Liviu Taloi од ECOMpedia, Janet Naydenova од Bulgarian e-commerce association, Nikola Kisov – Attorney at law, Dimitar Dimitrov од Bulgarian e-commerce association, Ignat Arsenov од European consumer commission Bulgaria, Ivo Iliev од Metamark, Martin Bogdanov од Paysera Bulgaria, Stanko Yordanov од Via Post, Ivan Ivanchev од EasyAds и Dimitar Dimitrov од Stenik.

Ваквите настани се од особено значење за е-трговијата, во насока на споделување на нови практики, трендови од светот на е-трговијата, иновативни решенија на предизвиците и размена на искуства и препораки помеѓу инволвираните страни во е-трговијата.

Виктор Стојкоски