Првиот електронски асистент во банкарскиот сектор – НЕЛА од НЛБ Банка

Сите ги забележавте зелените билборди на скопските улици со роботот кој ни вика ЗДРАВО. Ние направивме истражување и откривме дека се работи за НЕЛА – НЛБ Електронски Асистент достапен на Viber.

НЕЛА е првиот електронски асистент во банкарскиот сектор во Северна Македонија имплементирано од НЛБ Банка. Отсега клиентите на НЛБ Банка и корисниците на Viber ќе можат да испраќаат пораки до електронскиот асистент НЕЛА.

НЕЛА – НЛБ Електронскиот асистент може да Ви одговори на Вашите прашања, да Ви даде корисни совети, да Ви закаже состанок и да ги презентира сите поволности и детали за продкутите и услугите на Банката. Исто така, НЕЛА, може да Ви испрати информација за најблиската експозитура или банкомат, да Ви направи информативни пресметки за кредити и да Ви помогне да аплицирате брзо и едноставно за продуктите на Банката.

НЕЛА ќе ја запознаете многу едноставно и тоа преку Viber комуникациската платформа која полека станува една од главните алатки за комуникација на следниот линк.

Исто така НЕЛА е достапна и на Sticker market на Viber на следниот линк.

Останете секогаш информирани и запознајте ја НЕЛА од НЛБ Банка!

Поврзани содржини