Дали се осеќате како дневната рутина да ве “меле”? Доколку е така, можеби е време да направите “чекор наназад” и да ги согледате работите од друга перспектива. Некои креативци тоа го нарекуваат “проверување на менталната хигиена”.
Најзадоволни сме кога осеќаме страст спрема работата и пронаоѓаме задоволство во едноставните работи, а CNBC ни презентира пет рутини кои ги користат среќните и продуктивни луѓе>:
- Користат ритуали за мотивирање
Кога треба да сработите некоја работа, искористете малку време да направите свој календар. Пред да започнете со работа, ослободете се од се што може да ви го одвлече вниманието, на тој начин што ќе воведете мотивациски ритуал, како што е уживање во пиењето кафе со добра музика. Будење пред зори за да започнете проект е исто така добар мотивационен фактор кој успешните луѓе го користат. Пронајдете ритуал кој вас ќе ве инспирира.
- Го ценат напредокот
Кога е ценета нашата работа, ние многу понапорно работиме. На крајот на долгиот ден, дадете си признание за сработеното, па макар и да е мало. Напишете што добро сте сработиле или сте научиле. Патот до големите постигнувања се гради чекор по чекор. Пратењето на напредокот е најдобар начин за да одржите здрава перспектива.
- Дишат свеж воздух
Не го поминувајте целиот ден во својата канцеларија. Обезбедете си време за да вдишете свеж воздух. Добра прошетка може да ви пружи енергија и психички одмор. Често кога немаме концентрација да завршиме некоја работа, решението ќе произлезе доколку почнеме да правиме нешто друго.
- Пронаоѓаат значење во малите работи и во малите проекти
Кога ќе сфатиме колку малите задачи допринесуваат на големата слика, започнуваме поинаку да ги вреднуваме. Знаејќи колку најмалата работа и помага на големата цел, уживањето во тие мали работи ќе биде уште поголемо. Постои голема разлика помеѓу тоа да направиме нешто бидејќи мора да биде направено, и нешто на кое самите ние го препознаваме значењето.
- Спиењето им е приоритет
Добар сон може да донесе јасност во размислувањата и да даде ментална сила за решавање на проблемите. Спиењето е многу јака алатка, а воедно и постои причина зошто луѓето велат дека некој проблем може да се реши одкако ќе се “преспие”.
Ценете се себеси
Без оглед на тоа што често знаеме да бидеме самокритички настроени, мораме да ги цениме своите напори и позитивниот влијание кое го постигнуваме.
Доколку се придржувате до овие рутини, ќе бидете изненадени од големите идеи што ќе ви дојдат на ум.