fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Персонализацијата како алатка за подобрување на е-трговијата

Иновативноста во дигиталниот свет, растот на глобализацијата и промената во навиките на купувачите секојдневно ја “напаѓаат“ е-трговијата во фаза на големи промени. Постојат безброј трендови кои може да се вклопат во долгорочна e-commerce стратегијa, a за најуспешен тренд се смета персонализацијата која може да се дефинира како прилагодување на некоја услуга или производ според потребите на купувачот.

Се смета за водечки фактор бидејќи со помош на набљудување на “user behavior“ и прилагодување според потребите и интересите на купувачот, тој може да се почувствува како страната или производот да е создаден токму за неговите потреби. Според статистичките податоци од компанијата Nosto на еден од нивните web – семинари:

  • 43% од купувањата имаат влијание од персонални препорачувања или промоции
  • 75% од купувачите преферираат брендовите да им испраќаат персонализирани пораки и понуди
  • 94% од компаниите ја гледаат персонализацијата како критична за сегашниот и понатамошниот успех

Со помош на набљудување на “user behavior“ , без разлика дали тоа се прави сесија по сесија или по профилот на купувачот, компаниите можат да конструираат персонализација како онаа на Netflix која се води според контекстот на интересите на купувачот, но и визуализацијата.

Еден начин да се привлечат повеќе продажби со персонализацијата во е-трговијата е продолжување на маркетингот за посетителите дури и откако ќе го напуштат сајтот. Амазон и Yoox се исклучително добри со оваа стратегија со тоа што испраќаат follow up е-мејлови и персонализирани каталози со цел да ги известат за клиентите за понуди и слични продукти на оние кои ги разгледувале.

 

За подобрување на корисничкото искуство се користи и пренасочувањето на посетителите до вистинската online продавница за нив. На пример, еден корисник кој постојано купува од веб сајтот на Амазон во Велика Британија, го гледа следното кога ја посетува страната на САД:

Можеме да заклучиме дека користењето на методите на персонализација помагаат при забрзување на процесот на купување и воспоставување на конзистентен однос со засегнатите купувачи. За да создадете online искуство што го прави купувачот навистина препознатлив и единствен, правиот избор е платформата и стратегијата за персонализација.

Avatar

Post a comment