United Nations Conference on Trade and Development (UNCTAD) ја започна својата серија на Masterclass настани од иницијативата „eTrade for Women” за да им помогне на жените претприемачи во земјите во развој и економиите во транзиција да дојдат до потребните знаења и вештини за да успеат во дигиталната економија.
Првиот Masterclass, под насловот „Како да изградите успешен е-бизнис за жени претприемачи“ се оддржа на 26ти и 27ми октомври во ИННОФЕИТ Центарот во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) и UNCTAD, со партнерство на Министерството за Финансии на Република С. Македонија.
На овој настан учествува 50тина жени од Македонија и од останатите земји од Западен Балкан, кои што имаат свој е-бизнис или се дел од дигиталниот сектор на компанијата во која работат.
Настанот беше отворен со почесен говор од нашата Министерка за финансии и амбасадор на иницијативата „eTrade for Women”, Нина Ангеловска, која што неодамна беше назначена за претставник на иницијативата на UNCTAD за зголемување на учеството на жените во дигиталната економија – арена каде што женските играчи сè уште се значително помалку застапени од мажите.
„Јас сум посветена да ги инспирирам другите жени, да им покажам дека ако ги прифатат дигиталните технологии, можностите се неограничени или со други зборови – само небото е граница“, рече Ангеловска.
Мастеркласот, беше нејзина прва можност како претставник на иницијативатана UNCTAD да инспирира повеќе жени да ги следат нејзините „дигитални стапки”.
„Кога започнав со претприемачкото патување, се нафатив да ја сменам електронската индустрија во мојата земја“, изјави Нина, додавајќи дека кога Grouper.mk се отвори во 2011 година, помалку од 1% од нашите со-граѓани купуваа преку Интернет. „Сега сакам да ја искористам мојата приказна за промена на глобалната слика за е-трговија. Без повеќе жени дигитални претприемачи, растот на е-трговијата не може да им е од корист на сите и не може ефикасно да се бори против сиромаштијата“.
За мастеркласот и се придружија и 10тина говорници од земјата и странство, меѓу кои и говорници од компании како Booking.com и Seos.si. Сесиите ги опфатија подемите и падовите на развој на бизнис преку Интернет, како SEO оптимизација и менаџмент на социјалните медиуми, како да ги претворите сировите податоци во дигитална интелигенција итн.
Но, учесничките исто така учеа и како да ги искажат своите предизвици и пред владините службеници, така што новите политики кои се однесуваат на е-трговијата им овозможат на жените полесно да креираат онлајн бизниси.
„Иницијативата„ eTrade for Women“ има за цел да го промовира дигиталното економско зајакнување на жените“, рече Торбјорн Фредриксон, задолжен за секторот за ICT политика на UNCTAD. „Еден начин да се стори тоа“, рече тој, „е да се инспирираат повеќе жени дигитални претприемачи. Другата е да им дадеме на жените дигитални претприемачи поголем простор во креирањето на политиките “.
Мастеркласот во нашата земја ќе биде проследен со слични сесии во Кина, Брегот на Слоновата Коска, Индонезија, Иран, Мексико и Руанда, обезбедени од другите шест амбасадори на UNCTAD за иницијативата „eTrade for Women”, која е финансиски поддржана од холандската влада.
Повеќе фотографии од првиот регионален Masterclass настан, можете да погледнете на следниот линк.