Новости од е-трговија

[Оглас за вработување – Paket.mk] Стани Junior Part-Time Software Developer во Paket.mk и промени ја македонската е-трговија!

Прочитај ги условите и аплицирај веднаш со пополнување на формуларот на овој линк.
Огласот е отворен до исполнување на позицијата.
Прашања и повеќе информации на jobs@paket.mk
Локација: Скопје
За позицијата:
Paket.mk е водечки онлајн супермаркет, кој воедно е и најбрзо растечка интернет продавница во Македонија.
Имаме потреба од Junior Part-Time Software Developer кој ќе биде одговорен за:
  • Откривање на недостатоци во постојната e-commerce платформа и отсранување на истите
  • Давање на предлози за нови функционалности и развој на истите
  • Следење и тековно одржување на поврзани надворешни системи (Систем за залиха, Систем за достава и сл.)
  • Помош при подготовка на проекти за развој на сложени иновативни решенија
  • Работата ќе се одвива во канцеларијата на Paket.mk (Скопје-Карпош) со флексибилно работно време и можност за работа од далечина.
Потребни вештини:
  • Диплома или тековни студии во последна година по информатичка технологија
  • Искуство со e-commerce и CMS системи
  • Одлично познавање на HTML и CSS
  • Солидно познавање на PHP и JavaScript (или најмалку JQuery)
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Снаодливост, брзина и способност за исполнување на сложени задачи во краток рок
  • Амбициозност и способност за брзо учење и усовршување
  • Прецизност и чувство за детали
Би било одлично доколку:
  • Имаш одлично познавање на PHP и JavaScript (или најмалку JQuery)
  • Имаш вештини за развој на native Android и iOS апликации
  • Се гледаш себеси како ИТ инженер кој создава иновативни, ефикасни и паметни решенија чиј ефект е видлив и прави разлика во животот на луѓето од нашиот град
  • Се гледаш себеси како некој кој сака да работи во локален startup кој на среден рок би можел да создаде успешна интернационална приказна
Поволности кои ги добиваш:
  • Регуларно вработување со скратено работно време со вклучено пензиско и здравствено осигурување
  • Соодветен надоместок
  • Работа во возбудлива startup атмосфера каде се применуваат иновативни и поразлични маркетинг решенија
  • Можност за унапредување