КЛИМИ.мк како дел од реномираниот бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување на продажниот тим објавува оглас за отворено работно место на позиција продажба во продажно/изложбена салон лоциран во Скопје – Аеродром
ОПИС НА ЗАДАЧИ:
– Директна презентација на производите од портфолиото на нашиот бренд.
– Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети
– Одговарање на е-маил, телефонски и преку социјални медиуми на прашањата од страна на крајните корисници, обезбедување на потребните информации барани од страна на клиентите.
– Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
– Минимум средно завршено образование
– Одлични комуникациски и развиени презентерски способности
– Познавање на работа со компјутери, интернет и социјални медиуми.
– Посветеност кон работата и обезбедување на високо корисничко задоволство
– Основно познавање на производите кои ги нудиме како што се резиденцијани клима уреди.
– Познавање на Аглиски јазик
– Претходно работно искуство во областа на белата техника и/или климатизацијата ке се смета за предност.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV на следнава е-маил адреса: info@klimi.mk
Post a comment