НЛБ Банка ја промовираше новата бесплатна услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места само со доближување на мобилен телефон до ПОС терминал. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.
Преку апликацијата, клиентите добиваат заштеда на време и средства, како и можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата директно преку мобилен телефон. NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.
Освен иновативната компонента, настанот кој се однесуваше на воведувањето на услугата NLB Pay имаше и хуман аспект. Имено, присутните клиенти на НЛБ Банка имаа можност да направат трансакција преку која ќе донираат средства за поддршка на Специјална Олимпијада Македонија. Притоа, НЛБ Банка за секоја донација одвојува исто толку средства за поддршка, односно го удвојува износот на донирани средства.
Презентирајќи ја апликацијата и начинот на плаќање преку мобилниот паричник, првата трансакција и донација на настанот ја направи претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, г-дин Антонио Аргир, притоа апелирајќи до присутните да ја инсталираат апликацијата, да ги параметризираат картичките и да донираат средства кон Специјална Олимпијада Македонија.