Компанијата Пазар3 – говорник на меѓународна конференција во Истанбул за онлајн огласување

 

Оперативниот менаџер на македонската компанија Пазар3, Ајлин Шеали, на 24ти октомври, во Истанбул, Турција, во рамки на големата меѓународна конференција организирана од ICMA, одржа говор на тема: „Како Пазар3 го трансформираше пазарот на онлајн огласувањето, од традиционалниот начин на купување и продавање, во нов дигитален пазар“.

ICMA (International Classified Marketplace Association – Меѓународна асоцијација на класифицирани пазари) e организација која ги претставува светските лидери во индустријата на онлајн огласувањето.

Присуството на Пазар3 на конференцијата, беше особено поздравено од организаторот и останатите учесници, затоа што беше единствена компанија од целиот Балкан која активно учествуваше и која успеала да постигне такви резултати во средина во која што е-трговијата дури сега започнува да се развива со брзо темпо.

Пазар3 како член на AETM, постојано и активно соработува со асоцијацијата со цел постојано подобрување на состојбата на е-трговија во Македонија.

За време на конференцијата во Истанбул, Шеали, се осврна на предизвиците со кои се соочиле во 2006, кога компанијата била основана, во време кога само 29% од населението во Македонија користело Интернет. Неверојатно е една компанија во таков период, успешно да се издигне, особено доколку се напомене фактот дека наспроти тие 29% во Македонија, во другите Европски земји како Шведска тој процент бил 88%, а во Германија 73%.

Зборувајќи за трансформацијата на процесот на купување и продавање во Македонија преку Пазар3, Ајлин Шеали ги сподели клучните фактори за успех на компаниите во оваа област, покрај личните фактори за успех, како што таа вели „желба за работа, посветеност и упорност“!

На конференцијата присуствуваа реномирани предавачи и професионалци од компании за класифицирани огласи од Австрија, Швајцарија, Шпанија, Украина, Унгарија, Англија, Турција, Финска, Ангола, Израел и Италија, присутни со цел да разменат мислења за глобалните случувања, најдобрите стратегии како и предизвиците со кои се соочуваат фирмите од таа област.

„Водечките принципи на Пазар3 се: квалитет, веродостојност и посветеност“ – вели Ајлин Шеали во своето обраќање.

Оваа конференција беше врвна прилика за средба со светски признати имиња во областа на класифицираните огласи, размена на искуства, иновации и унапредување на стандардите во професијата.