Поминал трнлив пат од наставник до основач на платформата за е-трговија „Алибаба“, која сега реализира поголема продажба од „Амазон“ и „Ибеј“ заедно, и секогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Им стана пример на многу бизнисмени. Неговите совети секогаш со внимание се проследени.
За разликата помеѓу оној што ја води компанијата и вработениот:
– Лидерот на компанијата никогаш не ги споредува своите технички способности со своите вработени. Запомнете, нивните технички способности секогаш треба да бидат подобри. Ако не се, тогаш сте вработиле погрешни луѓе. Оној што ја води компанијата треба секогаш да има јасна визија за развојот на бизнисот многу години подоцна.
– Лидерот треба да има одличен карактер и трпение да го издржи она што обичниот вработен не би можел.
– Лидерот треба да биде во состојба да се соочи со ударите на несреќи и неизбежни пропусти.
– Да сумираме, добриот лидер се одликува со јасна визија, трпение и силна волја.
– Никогаш не мешајте се во политика. Политиката и големата среќа ретко ѝ припаѓаат на една личност. Ако започнете политичка кариера, заборавете на бизнисот. Ако сте политичар, никогаш нема да бидете успешни во заработување пари. Кога личноста поседува и пари и политичка моќ, тоа е кибрит во комбинација со динамит.
За натпреварите и конкуренцијата:
– Само будалите покажуваат агресија кон својата конкуренција.
– Ако сите ги третирате како непријатели, тогаш сите ќе станат ваши непријатели.
– Кога се натпреварувате со другите, обидете се да избегнете да ги мразите. Омразата може да ве уништи.
– Натпреварувањето е како играње шах. Ако изгубите, секогаш имате уште една рунда.
За претприемништвото и за тоа какви луѓе се потребни:
– Светот не го интересира што имате да кажете. Го интересира што правите.
– Имам главен принцип: Вашиот став кон работата и одлуките што ги носите значат повеќе од вашите способности. Не можете да ги натерате сите да мислат на ист начин, но можете да ги убедите да ја следат истата цел. Никогаш не обидувајте се да ги подучувате вашите вработени да размислуваат исто – тоа е невозможно. Секој трет вработен не верува во вас. Не барајте од нив да следат „личност“. Наместо тоа, соберете ги околу истата цел. Полесно е да се обединат луѓето околу истите идеи отколку околу лидерот, каков и да е тој лидер.
– Наместо да применувате мали подобрувања, фокусирајте се на стабилен раст и долгорочни планови. Вашиот став го одредува вашиот иден успех.
– Понекогаш чувствувате дека е тешко да се објасни добра бизнис-можност. Запомнете дека можностите што лесно се објаснуваат не се воопшто добри.
– Вашиот идеален партнер е личноста што има способности што вам ви фалат, без оглед дали е успешна или не.
– Барајте ги вистинските луѓе, а не најдобрите.
– Најкршливите работи на светот се човечките односи.
– „Бесплатно“ никогаш не може да биде толку евтино.
Што никогаш не треба да правите:
– Најлошите особини на претприемачот: Да бидете горди и неспособни за соодветно да ја процените ситуацијата, неможноста да одржувате високи стандарди и недостигот на визионерски способности.
– Ако има нешто што не го знаете за конкурентите, ако ги потценувате или не мислите дека претставуваат голема опасност, тогаш сигурно губите.
Извор: fakulteti.mk