Новости од е-трговија

Бонус програмата на Халкбанк со поддршка за развојот на е-трговијата во Македонија!

Бонус програмата на Халкбанк овозможува корисниците на кредитни картички од брендот Mastercard и Visa, издадени на физички лица да собираат бонус поени при трансакции на веб продавници кои користат виртуелен терминал од банката.

Притоа, поените кои ќе ги соберете имате можност да ги користите при плаќања во мрежата на POS терминали од Халкбанк.

Пресметката на бонус поените е едноставна, бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

 

Листа со активни веб продавници (.pdf документ)

Собирајте 5% бонус поени со секоја трансакција направена со кредитна картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје.

Кампањата стартува на 03.12.2018 (понеделник) во 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018 година.

Добиените поени се ставаат на располагање на кредитната картичка на клиентот во Халкбанк за сите трансакции направени на POS терминалите на Халкбанк АД Скопје.

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.