Новости од е-трговија

“Алибаба” е прејака за “Амазон” во Кина

Американскиот онлајн-трговец „Амазон“ го намалува обемот на работа во Кина најавувајќи затворање на интернет-трговијата со локални производи, која тешко држеше чекор со конкуренцијата како „Алибаба“.

„Амазон“ планира до средината на јули да ја затвори малопродажната платформа во Кина за да може да се сконцентрира на попрофитабилниот бизнис на продажба на странски производи и услуги.

Потрошувачите од 18 јули на „Amazon.cn“, наместо понуда од кинески трговци, ќе можат да видат понуда на глобалната трговија на „Амазон“.

Страницата „Amazon.cn“ настана врз основите на кинеската трговија со книги, музика и снимки „Joyo.com“, која „Амазон“ ја купи во 2004 година за 75 милиони долари и три години подоцна ѝ го промени името.

Повлекувањето од пазарот на втората економија во светот временски се совпадна со големите вложувања на „Амазон“ во Индија. Од компанијата најавија дека во интернет-трговијата во таа земја ќе вложат 5,5 милијарди долари.

Конкуренција во Индија ќе му биде „Флипкарт“, компанија која минатата година ја лансира хиндуистичката верзија на мобилната страница и апликацијата за да може да привлече милиони нови корисници од таа земја.

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.