Новости од е-трговија

Зошто е важна заштитата на личните податоци?

Личните податоци на луѓето се обработуваат секоја секунда – на работа, во јавните власти, во областа на здравството, кога купуваат производи или услуги, патуваат или сурфаат на интернет. Од 2007 година, кога Советот на Европа првпат го вовел овој ден, 28 јануари го слави потпишувањето на „Конвенцијата за заштита на поединци во однос на автоматска обработка на лични податоци“ во 1981 година.

Денеска е денот на заштитата на лични податоци!

Од 2007 година има огромни промени; ГДПР (општата регулатива за заштита на податоците) стапи на сила во мај 2018 година. Во изминатиот период, КОВИД-19 уште повеќе ја забрза дигиталната револуција и развој, а воедно и покрена прашања за заштита на приватните податоци на граѓаните во време кога беше потребно да се собираат корисни податоци за соочување со пандемијата.

За да разбереме зошто ни е потребна заштитата на личните податоци, прво мора да ги разгледаме следните работи:

Што е приватност на податоците?

Приватноста на податоците или приватноста на информациите е дел од областа за заштита на податоците што се занимава со нивно правилно ракување, фокусирајќи се на усогласеноста со прописите за заштита на податоците.

Приватноста на податоците е фокусирана на тоа како податоците треба да се собираат, складираат, управуваат и споделуваат со кои било трети страни, како и нивната усогласеност со важечките закони за приватност (како што е Општата регулатива за заштита на податоците – ГДПР).

visual representation of data privacy and data security areas
Визуелна репрезентација на областите за приватност и безбедност на податоците

 

Сепак, приватноста на податоците не се однесува само на правилното ракување со податоците, туку и на тоа што очекува јавноста за приватноста, фокусирајќи се на поединецот како клучен момент.

Елементи кај приватноста на податоците

Приватноста на податоците опфаќа 3 елементи:

  • Право на поединецот да има контрола над своите лични податоци
  • Процедури за правилно ракување, обработка, собирање и споделување на лични податоци
  • Усогласеност со законите за заштита на податоците

Зошто е важна приватноста на податоците?

Законите за заштита на податоците ширум светот имаат за цел да им ја вратат контролата на поединците врз своите податоци, давајќи им овластување со цел тие да знаат како се користат нивните податоци, од кого и зошто тие се обработуваат.

Во 2019 година, според истражувањето на Salesforce, 73% од испитаниците рекле дека довербата во компаниите е повеќе важна отколку пред една година; оттука се претпоставува дека овој процент расте.

In 2019, 73% of customers said trust in companies matters more than it did a year ago, according to the Salesforce research,
Во 2019 година, 73% од испитаниците рекле дека довербата во компаниите е важна повеќе отколку пред една година, според истражувањето на Salesforce

 

Овој висок процент е една од причините зошто организациите и компаниите треба да научат како да обработуваат лични податоци додека ги штитат параметрите за приватност на поединците. Ова е тоа што поединците го очекуваат од организациите. Ова е нивната визија за приватност.

Важноста на приватноста на податоците е дополнително зголемена со воведувањето на Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР).

Според предвидувањата за иднината на приватноста на компанијата Gartner, приватноста денес е она што во изминатата деценија означуваа „органска“ или „cruelty-free“.

Од бизнис перспектива, заштитата на личните податоци и ставањето акцент на приватноста на податоците може да има огромно позитивно влијание врз комапнијата / организацијата.

Од исполнување на очекувањата на клиентите до постигнување конкурентни предности во форма на повисок квалитет на податоци, до подобрено искуство на клиентите и поголема привлечност кај инвеститорите – ова се некои од придобивките за компаниите кои се усогласени со ГДПР.

six benefits of being GDPR compliant company
6 придобивки од тоа една компанија да биде усогласена со ГДПР

Дали постојат правни дефиниции за приватност на податоците?

Иако ГДПР не e првиот закон за приватност, тој e најсеопфатниот и најреволуционерниот закон за заштита на податоците што ја рефлектира новата дигитална ера во начинот на кој податоците се креираат и управуваат во секојдневните современи бизнис процеси.

  1. Приватноста на податоците не е исто што и безбедноста на податоците
Difference between data privacy and data security
Разлика помеѓу приватност и безбедност на податоци

 

Кои се дефинициите?

  • Дефиниција за приватност на податоците

Приватноста на податоците се фокусира на правата на поединците, целта на собирањето и обработката на податоците, преференциите за приватност и начинот на кој организациите и компаниите управуваат со личните податоци на субјектите.

Фокусот е на тоа како да се собираат, обработуваат, споделуваат, архивираат и бришат податоците во согласност со законот.

  • Дефиниција за безбедност на податоците

Безбедноста на податоците вклучува збир на стандарди и различни заштитни мерки кои организацијата ги презема со цел да спречи било која трета страна да има неовластен пристап до дигитални податоци или какво било намерно или ненамерно менување, бришење или нивно откривање.

Фокусот е на заштитата на податоците од малициозни напади и спречување на експлоатација на украдени податоци. Вклучува контрола на пристап, шифрирање (encryption), мрежна безбедност итн.

2. Важноста на приватноста и транспарентноста на податоците

Во оваа ера на економија на податоци, вистинската вредност на една компанија лежи во податоците што ги собира од своите клиенти.

Ова значи дека податоците се предност достојна за заштита и чување

Она што компаниите постојано го забораваат е дека личните податоци на поединци кои ги обработуваат компаниите се само “позајмени”. Законите за приватност им овозможуваат на поединците да ги користат своите права, како што е правото нивните податоци да бидат “заборавени”, како и правото да ја вратат сопственоста на нивните податоци.

Со цел компаниите да ги задржат податоците и довербата, тие ќе треба да покажат транспарентност со отворена комуникација за тоа кои податоци ги собираат, за кои цели, кој ги обработува тие податоци итн.

3. Приватност – the right to be left alone

Треба да можете да го искористите вашето право на приватност кога го сакате и ако го сакате. Ова беше признаено од владите ширум светот и резултираше со бројни закони за заштита на податоците.

За ГДПР се вели дека ќе ја обликува дигиталната иднина на Европа и затоа пропишува огромни казни со цел да се заштити приватноста на поединецот и да се контролира сообраќајот на податоци на граѓаните.

Светски трендови во приватноста на податоците

Секоја компанија од “Големата четворка”  минува низ свои потешкотии со цел да се позиционира како доверлива компанија. Сепак, тие имаат едно нешто заедничко. Тие ја препознаа важноста на приватноста на податоците.

Но, без разлика на мотивите на компаниите, едно нешто не може да се занемари, истражувањето на IAPP покажува дека до 2022 година, половина од личните податоци на населението на нашата планета ќе бидат покриени со локалните регулативи за приватност во согласност со ГДПР.

data privacy and data protection regulation worldwide
Регулатива за приватност и заштита на податоците ширум светот

Имајќи ги сите овие податоци предвид, компаниите ќе мораат да се стремат кон тоа да покажат усогласеност и транспарентност во начинот на кој ракуваат со податоците.