
Што значи лиценцирањето на Институции за електронски пари во Македонија и зошто e ова голема вест за секој граѓанин?
За првпат во нашата земја, НБРМ издаде лиценци на институции за електронски пари и давање платежни услуги, кои покрај банките ќе претставуваат нов тип на финансиски институции што ќе нудат услуги за управување со личните финансии на модерен, сигурен и лесно достапен начин за сите граѓани и бизниси.
Ова лиценцирање подразбира влез во новата ера на дигитални финансии, со што Македонија го направи првиот голем чекор кон целосна модернизација на платежниот систем, застанувајќи рамо до рамо со развиените европски пазари, каде институциите за електронски пари веќе успешно функционираат и нудат иновативни решенија за плаќање.
Што се електронски пари?
Електронските пари претставуваат дигитален еквивалент на готовината, наменет за плаќање, без потреба од банкарска сметка. Наместо да носите готовина или физичка картичка, средствата се чуваат на вашата платежна сметка или дигитален паричник кај Институцијата за електронски пари, а се управуваат преку мобилна апликација – брзо, безбедно и секогаш достапно.
Но, што значи тоа за нас како граѓани, потрошувачи и онлајн заедница?
1. Брзи и инстант плаќања 24/7
Нема повеќе чекање на трансакции да се потврдат или средства да „легнат“ на сметка. Со електронските пари, трансакциите се извршуваат во реално време, дури и за време на викенди и празници. Кај трговците средствата пристигнуваат моментално, без доцнење. Ова значи подобар cash flow за нив, поедноставена наплата, како и намалени трансакциски трошоци.
2. Безбедност и транспарентност
Средствата на клиентите се 100% покриени со пари на посебна сметка за заштита отворена во некоја од банките во државата, што е регулирано од страна на НБРМ и усогласено со ЕУ директивите, додека истовремено се почитуваат строгите правила за заштита на лични податоци. Секоја трансакција на клиентите се евидентира во мобилната апликација – јасно и детално, а во однос на поплаките од страна на клиентите им се овозможува брз поврат на средства, што ја зголемува довербата и задоволството од користењето на услугите.
3. Нема потреба од банкарска сметка или картичка
Институциите за електронски пари овозможуваат инклузија на сите граѓани, дури и оние без класична банкарска инфраструктура, односно без посредување од традиционалните банки, користејќи напредна технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност. Доволно е мобилен телефон за да се купува онлајн – без физички картички и без банкарски формалности.
4. Повисока доверба во домашните е-продавници
Соработката со сигурена, локална и лиценцирана Институција за електронски пари придонесува за зголемување на довербата на корисниците во домашните е-трговци. Тоа значи повеќе купувања од домашни платформи наместо од странство. Трговците добиваат многу потенцијални купувачи кои претходно не купувале онлајн поради недоверба или немање картичка, додека сега добиваат пристап до напреден, лесен и сосема безбеден систем на онлајн плаќања, што придонесува за директен раст на продажбата.
5. Можност за бесконтактни плаќања преку QR код и интеграција со онлајн платформи
Сè што е потребно е скенирање на QR код – нема внесување на број на картичка или податоци, што го прави плаќањето побезбедно и побрзо. Исто така, институции за електронски пари како IutePay преку своите платформи ќе понудат лесна API интегрирација на онлајн трговците и можност за напредна евиденција на трансакциите.
Како сево ова ќе го смени онлајн купувањето?
Онлајн трговијата во Македонија расте експоненцијално, но досега голем дел од граѓаните сè уште се потпираа на плаќање при достава или класични трансакции. Со електронските пари:
- Ќе можете веднаш да плаќате онлајн без картички или банкарски сметки
- Трансакциите ќе бидат брзи и сигурни, под надзор на НБРМ и во согласност со европските стандарди
- Ќе добиете повеќе избор и конкуренција – што значи подобри услови, пониски трошоци и нови иновативни решенија од домашни и странски трговци
Дали е безбедно?
Апсолутно. Електронските пари и услугите се строго регулирани со Законот за платежни услуги и платни системи, кој е во целосна согласност со европските директиви за заштита на потрошувачи и финансиска сигурност.
Со лиценцирањето на институции за електронски пари, Македонија го отвора патот кон побрзо, поедноставно и побезбедно користење на финансиски услуги – достапно за секој граѓанин, без разлика каде се наоѓа.
Онлајн трговијата ќе добие сосема нова димензија, а дигиталната трансформација на финансискиот систем конечно ќе добие вистински замав.
Нашиот долгогодишен партнер и поддржувач Иуте неодамна му посака добредојде на IutePay, со официјалното зелено светло од НБРМ. Добредојдовте во новата дигитална економија и финтек револуција.