презентација на производи на агро производители

Новости од е-трговија

Започна третата фаза од проектот “Agri E-commerce”

АЕТМ започна со реализација на третата фаза од проектот “Agri E-commerce”, каде што 15 домашни агро-производители кои беа избрани во рамки на Јавниот повик за поддршка за македонски агро производители за пласирање на нивните производи за онлајн продажба, ги претставија своите производи пред претставници од најголемите платформи за е-трговија во нашата земја. По оваа активност следува поврзување со е-трговците и пласирање на производите на агро-произвдоителите на најпознатите веб платформи за е-трговија во нашата земја.

Инаку, проектот започна во август 2021 и се состои од три фази:

  1. Избор на агро-произодители преку отворен јавен повик,
  2. Серија на четири обуки за  развој и усовршување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг,
  3. Презентирање на производите на агро-производителите пред е-трговците, како и поврзување со нив и пласирање на агро-производите на најпознатите домашни веб платформи за е-трговија.

Проектот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и ќе трае до март 2022 година.

Дел од производите кои беа презентирани пред е-трговците можат да се погледнат во продолжение: