Новости од е-трговија

Во првите 9 месеци од 2023 година, 20.7 милјарди денари се потрошени кон домашните е-трговци

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 29.9 милијарди денари (3.3 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 18.2% во однос на истиот период минатата година кога е остварена вредност од 25.3 милијарди денари (2.8 милијарди денари просечно месечно). Гледано по месеци, највисок пораст од 22.03% на вкупните онлајн трансакции е остварен во март, а најнизок од 12.5% во април во однос на истите месеци минатата година.

Со домашни картички кон домашни е-трговци во првите 9 месеци од 2023 година остварени се 19.5 милијарди денари и остварен е раст од 13% во споредба со истиот период минатата година. Трендот на пораст на онлајн купувањето во странство со домашни картички продолжува и во првите 9 месеци од 2023 година кога се остварени 9.2 милијарди денари што преставува раст од 30.4% во споредба со истиот период минатата година. Странците кон домашните трговци направиле онлајн трансакции во износ од 1.24 милијарди денари односно остварен е пораст во првите 9 месеци од 2023 година од 22.2% во однос на истиот период минатата година. Кон македонските е-трговци се слеале 20.7 милијарди денари остварени од домашни и странски картички во разгледуваниот период што значи пораст од 13.2% во однос на истиот период минатата година.

Што се однесува до структурата, според резидентноста на е-трговецот и издавачот на платежните картички може да се забележи дека расте и вредноста на домашни платежни картички кон странство, но и на странски платежни картички кон домашни е-трговци. Така, од потрошени 7.0 милијарди денари со домашни платежни каритчки кон странство во првите 9 месеци од 2022 година, оваа година за истиот период се потрошиле 2.2 милјарди денари повеќе или вкупно 9.2 милијарди денари. Додека со странски картички кон македонски е-трговци во првите 9 месеци од 2023 година се потрошиле 1.0 милјарди денари, а сега 1.2 милјарди денари, односно 0,2 милјарди повеќе.

Вкупниот број на направени онлајн трансакции во првите три квартали од 2023 година изнесува 14.2 милиони трансакции, што преставува пораст од 15.1% во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година (12.3 милиони трансакции). 

И во текот на првите 9 месеци од 2023 година се забележува пораст на новотворени интренет продажни места, па така во првите 9 месеци од 2023 година се отворени 117 нови интернет продажни места.

– “Трендот на раст како на вредноста така и на бројот на онлајн трансакциите продолжува според најновите податоци на НБРСМ и тоа растот е и понатаму двоцифрен. Растот во вредноста на вкупните онлајн трансакции во првите 9 месеци од 2023 година изнесува 18.2% во споредба со истиот период минатата година. Се намалува и понатаму учеството на транскациите кон домашни е трговци во вкупните онлајн трансакции од 72% во првите 9 месеци од 2022 на 69% во истиот период 2023 година. Но, остварениот пораст на вредноста на онлајн трансакциите кон домашните е-трговци во првите 3 квартали од скоро 13.2% спрема истиот период лани, како и зголемувањето на понудата до септември оваа година со нови 117 интернет продажни места ни дава позитивни сигнали за домашната е-трговија како на страната на побарувачката така и на страната на понудата. Продолжуваме будно да го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, како и да преземаме соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Неодамна, со поддршка на Консалтинг за стратешки развој во ракми на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем” го објавивме унапредениот единствен регистар на е-трговци каде на јавноста сега и се достапни сите е-трговци по категории, кои се објавени во соработка со 5-те банки кои нудат процесирање на е-трансакции во е-трговија.