Новости од е-трговија

Visa ја претстави иднината на плаќањата, водена од вештачка интелигенција преку Intelligent Commerce

Во воздухот се чувствува промена – прво Amazon, потоа Mastercard, а сега и Visa ја откри својата голема стратегија за иднината на дигиталните плаќања, која вклучува агентска вештачка интелигенција.

На својот глобален настан 2025 Global Product Drop во Сан Франциско, Visa прикажа како вештачката интелигенција ќе го трансформира начинот на кој луѓето откриваат, купуваат и плаќаат производи.

Во фокусот е Visa Intelligent Commerce – нова платформа која ја отвора платежната инфраструктура на Visa за програмери, инженери и AI платформи кои развиваат интелигентни комерцијални агенти од новата генерација.

Овие AI агенти наскоро ќе можат самостојно да пребаруваат, избираат и купуваат производи во име на потрошувачите – создавајќи беспрекорно, персонализирано шопинг-искуство.

Извршниот директор на Visa, Рајан МекИнерни, изјави дека оваа иницијатива се надоврзува на долгогодишни вложувања во безбедна платежна инфраструктура:

„Како што се појавуваат нови начини на плаќање, тие мора да функционираат на мрежа која е секогаш достапна – сигурна, скалабилна и постојано иновативна. Visa ја комбинира својата глобална мрежа со длабоко знаење за да донесе доверба и безбедност во плаќањата овозможени од вештачка интелигенција.“


AI агенти од Visa: повеќе од само идеја

Visa Intelligent Commerce не е само концепт – туку веќе се спроведува со целосен сет (програмски интерфејс) API алатки и програма за партнерство со програмери, што им овозможува на компании како OpenAI, Stripe, Microsoft и Samsung да ги вградат Visa плаќањата директно во своите AI агенти.

Контролата останува кај потрошувачите – тие поставуваат ограничувања и преференции за трошење, а Visa се грижи секоја трансакција да биде сигурна преку автентикација и токенизација.

Меѓу најиновативните новитети е воведувањето на AI-спремни картички – дигитални податоци за плаќање кои може да ги користи само овластен AI агент.
Овие токени не само што овозможуваат сигурно плаќање, туку и потврдуваат дека агентот е навистина овластен од корисникот.

Системот овозможува контрола на трансакции во реално време, автоматско решавање на спорови и AI-персонализирани препораки, базирани на трошоци за кои корисникот дал согласност.

Главниот директор за производи и стратегии во Visa, Џек Форестел, изјави:

„Како што физичкото купување премина во онлајн, а потоа во мобилно – Visa сега поставува нов стандард за ерата на AI трговијата.“

Повеќе функции: BNPL, криптовалути и глобална достапност

Visa го проширува и својот Flex Credential систем – што овозможува една картичка да се користи како дебитна, кредитна или „купи сега, плати подоцна“ (BNPL).

Преку ново партнерство со Klarna, оваа можност ќе се прошири во САД и Европа, овозможувајќи непречен премин од дебитно до BNPL плаќање.

Паралелно, Visa најави нови картички поврзани со стабилни дигитални валути

( stablecoin-linked cards) во соработка со крипто одделот на Stripe, наречен Bridge.

Our Commitments | Microsoft CSR

Ова ќе им овозможи на финтек (fintech) девелоперите да издаваат Visa картички со стабилни дигитални валути ( stablecoin-linked cards)  преку еден програмски интерфејс (API), помагајќи да се прошират употребите на програмабилни пари на глобално ниво.

Visa исто така тестира нови производи со цел да ја прошири достапноста:

Visa Pay, која ги поврзува дигиталните паричници со секој трговец што прифаќа Visa ширум светот.

Visa Accept, решение за бесконтактно плаќање наменето за микро-продавачи, со користење на паметни телефони со NFC технологија.

Со Intelligent Commerce, Visa не само што одговара на трендовите поврзани со вештачката интелигенција — туку изгледа дека сака да стане темелна инфраструктура на глобалната економија базирана на вештачка интелигенција.

Извори: Visa unveils agentic AI payments future with Intelligent Commerce