Новости од е-трговија

Улогата на убедлив copywriting во е-трговијата

Copywriting е една од најважните алатки која се користи за креирање на совршената онлајн продавница. Покрај сите технички елементи на една веб страна која што се занимава со е-трговија, голема улога има умешноста во користење на зборовите кои навлегуваат во емоциите на читателот со цел тој да направи некој клик, да превземе, да купи или да го сподели она што го гледа на веб сајтот.

Токму тука се појавува убедлив copywriting чија цел е преку добро напишана содржина да го натера купувачот да си замине од вашата онлајн продавница со успешно направена трансакција. Ова се неколку од техниките кои можат да ви помогнат со тоа:

  1. Бидете што е можно поконкретни и искрени со вашите содржини

Избегнете ја генерализацијата и дајте им причина на вашите потенцијални купувачи да го следат вашиот бизнис! Конкретноста создава инклузивност и го прави купувачот да се чувствува како да припаѓа, на пример, со тоа што е претплатен на вашиот newsletter:

Кратка и јасна содржина на блогерот Tim Ferris кој во 7 чекори ги убедува читателите да се претплатат на неговиот блог каде што можат да ги купат неговите lifestyle книги, да ги слушаат неговите подкасти и да бидат up-to-date со светот на претприемачите.

 

2. Допрете до емоциите на купувачот

Убедливата содржина е емотивна содржина. Кога купувачите имаат емотивна поврзаност кон одреден продукт или услуга која вие ја продавате , тогаш шансите се поголеми тие да го запомнат вашиот бизнис дури и откако рекламите ќе исчезнат од нивниот екран. Одличен пример е кампањата на Airbnb, ”Belong Anywhere”:

Оваа реклама влијае на вашите емоции – апелира до основната човечка желба да се биде дел од нешто големо и експанзивно, а Airbnb ги користи тие емоции за да се позиционира како платформа која може да го обезбеди тоа чувство, во изобилство, за секој што го сака тоа.

 

3. Дозволете вашите купувачи да го продадат производот за вас

Пример за бренд кој ја користи оваа техника е Fabletics, онлајн продавница која нуди достапна, квалитетна и стилска облека за вежбање за жени.

Сепак, наместо тие да ги споделуваат мислењата на купувачите на нивниот сајт како нивните конкуренти, тие ги споделуваат објавите на Instagram на нивните клиенти на нивната почетна страна.

И покрај ова, тие постојано додаваат начини со кои ги инволвираат новите купувачи со тоа што ги покануваат да споделат фотографија носејќи ги нивните производи:

Вметнувајќи ги твитовите и постовите на Instagram на вашите купувачи е многу лесен начин за да додадете легитимност на вредноста на вашиот производ и е одлична шанса за привлекување на нови купувачи.

Учењето како да се влијае врз потенцијалните купувачи преку убедлива содржина е есенцијална маркетинг вештина. Но, со малку вежбање и со горенаведените стратегии, можете да ја трансформирате вашата онлајн продавница во виртуелен продавач кој продава повеќе од вашите производи и услуги, без ваше учество.