Додека е-трговците се обидуваат да се прилагодат на онлајн потрошувачите и ланецот на снабдување, целиот товар паѓа на логистичкиот сектор и сервисирање на потребите на потрошувачите. Брзото проширување на е-трговијата постојано создава нови предизвици кои можат да бидат совладани само доколку се опремите со соодветни алатки и стратегии. На тој начин, ќе имате најголема шанса за успешен почеток во онлајн просторот. Но, за успешен почеток, потребен Ви е успешно управуван магацин. Патот до него ги вклучува овие чекори:
-
Продуктивна организација на просторот
Важно е вашата компанија да ги исполни своите цели за продуктивност и нејзиниот магацин е клучен фактор во тој процес. Подобра ефикасност и конзистентност на процесите што се случуваат во него Ви помагаат да ја зголемите брзината на вашето функционирање. Повеќе работи се завршуваат за помалку време затоа што сè е на место кога е потребно. Ова значи практикување на факторите што придонесуваат за складирање и ефикасност на подготвување на нарачката на купувачот како што се видливоста, организацијата, точноста и брзината. Решението е да се обноват функционалните процеси на магацинот, да се спроведат соодветни стратегии и технологии кои ќе ги поддржат истите.
2. Технологија
Со цел опстанување на ефикасноста во еден магацин, голема улога игра и технологијата која се користи при организирање на истиот. Независно од големината на вашата компанија, пазарот нуди изобилство софтверски решенија наречени Warehouse Management System кои се способни за:
- Креирање на база на податоци за Вашите производи, залихи и анализирање на нивната продажба
- Автоматизирање на сите сметководствени процеси како фактурирање и сметки
- Мобилно скенирање на залихи за полесно броење на инвентар преку апликации
- Следење на локацијата на нарачките во секое време
Најголемата предност која се добива од овие софтвери е поедноставна контрола на вашиот инвентар и намалување на шансите за грешки при броење и сортирање на вашите залихи.
3. Контрола на квалитет
Вашиот бизнис е онолку добар колку што е добра и испорачката на вашите пратки. Што повеќе ги проверувате нарачките пред нивното испраќање, толку повеќе ги заштитувате Вашите клиенти и вашата е-продавница. Континуитетот во контролата на квалитет резултира со намалување на шансата за рекламации од клиенти кои не се задоволни со нарачката која ја добиле. Точноста на испорачаната количина на производи, нивната соодветна состојба и уредно пакување е она што гради доверба кај купувачот и го уверува повторно да се врати на вашиот веб сајт.
Искуството при купување што ќе му го дадете на вашиот клиент потполно зависи од функционалноста на вашиот магацин. Со цел обезбедување на најдобрата услуга, осигурајте се во достапноста на вашите производи и оптимизирањето на целиот процес од нарачката на клиентот, па се до нејзиното доставување.