Има толку многу работи за кои треба да размислите кога за прв пат започнувате бизнис – и има многу неочекувани трошоци. Брендирањето може да биде скапо, но не мора да биде! Можете да го креирате вашиот бренд идентитет во рамки на вашиот буџет.
Еден од најдобрите начини е да направите онолку колку што можете сами, наместо да правите outsourcing. Важно е да знаете на кои алатки ќе потрошите пари, односно кои алатки ќе го насочат и подобрат процесот или ќе „завршат” дел од работата за која сметате дека ви треба помош.
За да ви помогнеме, ќе го објасниме брендирањето и зошто е тоа важно. Потоа, погледнете 6 совети за брендирање во рамки на вашиот буџет.
Што е брендирање?
Брендирањето е сè што вашите потенцијални клиенти го гледаат и комуницираат, но и она што ве разликува од вашата конкуренција. Го опфаќа напишаниот тон на комуникација, пакувањето на производите, објавите на социјалните мрежи, вашето присуство на социјалните мрежи, кои од нив ги користите, колку често објавувате, колку сте интерактивни, како и визуелниот изглед на вашиот бренд кој се состои од боите, фонтови и лого.
Важно е да бидете внимателни во изборот што го правите, бидејќи брендирањето е првиот впечаток што луѓето го имаат за вас.
Зошто е важно брендирањето?
Брендирањето помага да изградите врска со вашиот идеален клиент. Тоа е како го споделувате она за што сте страстни, како зборувате за тоа што ве издвојува од другите и како создавате препознатливост на брендот.
Размислете за различните опции за вода што може да ги видите во најблиската продавница. Веројатно, секој бренд за вода продава сличен производ. Меѓутоа, со тоа што имаат уникатно пакување, бои, имиња, логоа и тн., различните брендови на вода често се грижат за различни клиенти. Многу брендови за вода имаат различна целна група и присуство. На пример, некои се означуваат како „филтрирани“, други како „подостапни“, додека други имаат „природен“ или „чист“ фокус.
6 совети за брендирање
- Изградете идеален профил на клиент
Вашиот производ веројатно е прилагоден на специфичен тип на личности. Па кои се тие? Дали повеќе би сакале да одат на долго пешачење или да спијат во сабота наутро? Дали се во пензија или одат на факултет? Како што одговарате на овие прашања, ќе почнете да забележувате личноста како се обликува – тоа е вашиот идеален клиент. Запишете сè во документ од една до две страници со наслов „Идеален профил на клиент“. Или, уште подобро, дајте им име! Имајте го на ум овој идеален клиент и упатете се на вашиот документ во текот на остатокот од процесот на брендирање. Еве неколку прашања што треба да ги одговори вашиот идеален профил на клиент:
- Кое е нивното име, возраст и место на живеење?
- Што им смета? (Веб-локации кои долго се отвораат, апликации кои немаат детална графика, неможност да контактираат со претставник за услуги на клиентите на телефон…)
- Како вашиот производ го подобрува нивниот квалитет на живот?
- Кои се нивните основни вредности?
- Како ќе го користат производот?
Ако имате неколку клучни демографии за кои сте го дизајнирале вашиот производ, направете посебен документ за идеален клиент за секој од нив. На овој начин, ќе можете да ги видите клучните сличности и разлики помеѓу вашата целна публика и ќе ви помогне да ги дадете приоритетите на публиката со која прво треба да се справите.
Толку многу одлуки стануваат поедноставни кога можете да се запрашате: „Се прашувам како Никола би се чувствувал за тоа?“ или, „Мислам дека Јована повеќе би била привлечена од оваа палета на бои“.
Запомнете, сè уште можете да работите со луѓе различни од она што го опишува вашиот идеален профил на клиентот. Ова не е наменето да биде ограничување. Наместо тоа, тоа е корисна алатка додека се движите напред и донесувате повеќе одлуки како на кои платформи за социјални медиуми да се фокусирате и какви типови на дизајн елементи да изберете.
- Направете визуелно присуство на вашиот бренд
Логото е важна визуелна компонента на брендот. Во истражувањето на 2.000 луѓе, 42% рекле дека веруваат дека логото ја покажува личноста на брендот, 40% типот на обезбедениот производ и 39% мислат дека логото е во корелација со квалитетот на брендот.
Речиси секој од пет анкетирани го проценил квалитетот на производот врз основа на тоа како изгледа логото. Не ја потценувајте важноста на логото! Вашето лого е важен дел од брендирањето, така што ова е една од оние области каде што можете да изберете да потрошите дел од вашиот буџет за да ангажирате професионалец или да инвестирате во алатки што ќе го поедностават процесот. Еве неколку опции што треба да се разгледаат:
- Бесплатно или до 50 долари
- Користете logo maker
Тие се достапни и лесни за употреба, но имат некои лоши страни како недостатокот на уникатност. Пред да започнете, дознајте повеќе за logo maker-ите и што да очекувате.
-
- Направи сам/а
Ако имате око за дизајн (или малку искуство), можете сами да одлучите да го дизајнирате логото. Преземете бесплатни фонтови од сајтови како DaFont или Font Space. Потоа, користете платформа за дизајн како Canva или Adobe Express за да го креирате вашето лого.
Самиот дизајн на логото обично ќе потрае подолго од користењето генератор на лого, но крајниот резултат веројатно ќе биде поуникатен бидејќи многу логоа од logo maker-и може да изгледаат генерички.
- 300 до 800 долари
- Ангажирање дизајнер
Ако помислата да дизајнирате сопствено лого ве стресува, секогаш можете да најдете и ангажирате хонорарен дизајнер кој ќе ви помогне во целиот процес. Цената на хонорарниот дизајнер може да варира, затоа секогаш погрижете се да добиете понуда од неколку дизајнери за да ја пронајдете најдобрата опција за вашиот стил и буџет.
-
- Конкурс за дизајн
Конкурсот за дизајн ви овозможува да видите логоа од голем број дизајнери, што може да биде особено корисно ако имате само општа идеја за тоа како сакате да изгледа, но не и конкретен дизајн на ум за конечното лого. За време на натпреварот, можете да им дадете повратни информации на дизајнерите за да им помогнете да ги насочите и да добиете финален производ од кој сте навистина задоволни!
- Одлучете за вашиот тон и глас
Тонот и гласот се важен дел од градењето на идентитетот на брендот. Наједноставно кажано, гласот е личноста на вашиот бренд, додека тонот е како ја изразувате вашата личност. И ова е уште една област каде што можете да му ја препуштите работата некој кој ќе ви помогне да ги дефинирате, или можете да поминете извесно време сами да ја создадете вашата brand persona.
Ова ќе зависи од вашата област на специјалност и дали сакате вашиот бренд да го доловува вашиот тон и глас. Ако го правите тоа сами, еве неколку работи кои ќе ви помогнат да ја креирате вашата brand persona.
Почнувајќи со неколку примери на тон и глас на брендот, можете да изберете:
- Пријателски
- Корисни
- Професионални
- Информативни
- Забавни
Дали сакате вашите клиенти да ве гледаат како нивен најдобар пријател или доверлив ментор? Не постои правилно или погрешно, но штом ќе донесете одлука, останете со истиот глас на сите ваши платформи. Ако не сте сигурни како да го дефинирате вашиот глас, еве неколку прашања што треба да си ги поставите:
- Дали сакам да пишувам со 100% точна граматика или повеќе би сакал да пишувам како да зборувам – да користам сленг?
- Дали сакам да зборувам во прво лице еднина и да раскажувам анегдотски приказни или повеќе да се потпирам на истражување?
- Кои придавки сакам да ги користи мојот клиент за да ме опише? (забавен, информативен, чуден, корисен, достапен, професионален бренд)
Може ли да дадам неколку конкретни примери за работа на е-продавницата, описите на производите или објавите на блогот што ги сакам и мислам дека одлично го доловуваат гласот на брендот?
Користете ги овие прашања за да ви помогнат да останете доследни на напишаната содржина на вашата веб продавница, преку платформите за социјални медиуми, newsletter-и, пакувања на производи и тн.
- Создадете план за социјалните медиуми
Социјалните медиуми се неизбежен дел од пејзажот на брендирање. Тоа е лесен начин да комуницирате со потенцијалните клиенти и да ја споделите вашата визија. Многу компании ангажираат лица за управување со социјалните медиуми, но со неколку клучни алатки, дефинитивно можете сами да управувате со нив додека не дојдете во можност да ангажирате други да ја водат таа работа за вас.
Првата работа е да го направите вашето истражување. Исто така, може да биде корисно да ги проверите вашите конкуренти за да видите колку често тие објавуваат и каков тип на содржина се чини дека им дава голема интеракција (лајкови и коментари). Не заборавајте да ги проверите конкурентите со слична големина, а не само другите брендови во истата индустрија.
Исто така, одвоете време за да дознаете за различните платформи за социјални медиуми и каде да ги најдете вашите идеални клиенти, врз основа на кориснички податоци и статистика. Со тоа, можете да ги фокусирате и да ја добиете целната публика.
Bloom and Wild, продавница за цвеќиња, прави одлична работа со нивното присуство на Инстаграм. Тие објавуваат, во просек, еднаш дневно. Нивните објави се светли и тие ги користат главните моменти на приказната за да ги покажат одржливите практики што ги користат за да му помогнат на светот додека ги разубавуваат домовите на луѓето.
Во истражувањето на над 2000 корисници на социјални медиуми низ САД, ОК и Ирска, 74% рекле дека сметаат дека брендовите треба да објавуваат 1 до 2 пати на ден. Има многу алатки за управување со социјалните медиуми кои можат да ви помогнат да ги распоредите и управувате вашите социјални account-и, како и да ги анализирате перформансите и да дизајнирате објави.
За создавање квалитетна содржина на социјалните медиуми, различни алатки за дизајн може да помогнат да дизајнирате кохезивна и креативна содржина. Секоја платформа има своја структура на цени и карактеристики кои се менуваат од време на време, затоа проверете ги тие детали за да ја пронајдете онаа што најдобро одговара на вашите потреби и буџет.
- Изградете го вашиот newsletter
Newsletter-ите се важен дел од вашата стратегија за брендирање. На крајот на 2021 година, имаше околу 4,1 милијарди глобални корисници на e-mail, што го прави едно од најкористените средства за дигитална комуникација.
Примателите на newsletter се повеќе посветени клиенти од повеќето следбеници на социјалните мрежи – тие се согласиле да ви ги дадат нивните e-mail адреси и да добијат директна комуникација од вас! Користете го вашиот newsletter за да ги негувате односите со клиентите и да генерирате продажба.
Повеќето услуги за newsletter имаат бесплатни планови за до одреден број претплатници, што е одлична вест за малите и средните претпријатија и претприемачите кои штотуку ги започнуваат своите newsletter-и.
Еве неколку добри опции за онлајн платформи кои се лесни за користење и создавање newsletter:
- Mailerlite – бесплатната верзија има месечен лимит за испраќање 12 000 еmail-ови
- Mailchimp-бесплатната верзија има месечен лимит за испраќање email од 10.000 претплатници
- Convertkit – бесплатна верзија за под 1.000 претплатници
- Sendinblue — бесплатната верзија овозможува испраќање на 300 email-ови дневно, на неограничени контакти
Но, дури и кога вашата мејлинг листа ќе порасне доволно за да ви треба платена претплата, повеќето луѓе се согласуваат дека вреди да се инвестира.
Може да биде предизвик да се знае точно што е ROI (Return of investment – Поврат на инвестицијата) од email маркетингот, но во 2019 година, DMA (Асоцијација за податоци и маркетинг на ОК) спроведе истражување на над 2.000 британски маркетери. Тие објавија дека рентабилноста за е-пошта маркетинг е 42 фунти за секоја потрошена 1 фунта. Litmus, американска маркетинг платформа за email, спроведе истражување со над 2.000 маркетери во 2021 година и пријави 36 американски долари рентабилност за секој потрошен 1 долар.
Погрижете се да одржите етички пристап кога собирате информации од луѓето. Секогаш бидете транспарентни и дозволете им на корисниците да се откажат од претплатата. Што е најважно, не праќајте спам!
- Дизајнирајте ја вашата е-продавница
Откако ќе ги дефинирате боите, фонтовите, логото, гласот и другите аспекти на брендирањето, дизајнирајте ја вашата е-продавница. Користете го сето тоа за да бидете сигурни дека вашата е-продавница изгледа кохезивна и добро ве претставува.
Ангажирањето веб-дизајнер, иако е многу корисно ако е во рамките на вашиот буџет, може да чини многу пари. За среќа, има многу генератори на веб-страници кои им овозможуваат на луѓето без позадина за кодирање да состават прилагодена, убава веб-страница.
Одвоете малку време за да дознаете кои генератори на веб-страници најдобро ќе одговараат на вашите потреби. Цената обично може да се движи помеѓу 100 и 300 долари годишно за користење на услугата. Повеќето генератори на веб-страници имаат различни „нивоа“ на членство од кои можете да изберете. Поскапите месечни пакети честопати вклучуваат дополнителни функции како повеќе страници, можност за отстранување на watermark и пристап до повеќе карактеристики на дизајнот.
Поскапата верзија е ангажирање веб дизајнер. Веб дизајнерите можат да ја создадат вашата е-продавница поуникатна и поприспособена отколку ако користите генератор на веб-страници. Процесот е повеќе колаборативен. А опсегот на трошоците доаѓа од неколку фактори како искуството на веб дизајнерите, бројот на страници што ви се потребни за дизајнирање и сложеноста на дизајнот. Најдоброто нешто што треба да направите е да побарате понуди од различни веб програмери за да го пронајдете она што вам најмногу ви одговара и е во склоп со вашите потреби и буџет.
_
Брендирањето е ваша можност да им кажете и да им покажете на луѓето со што се занимавате и за што се ангажирате! Нека се покажат љубовта кон вашиот занает и возбудата што ја чувствувате додека почнувате да гледате како работите се склопуваат во една целина.