Новости од е-трговија

Што е mCommerce и кои се бенефитите?

Можноста за пристап до светот на купување преку вашите прсти ја редефинира е-трговијата и таа не се забавува наскоро.

Со мобилниот интернет сообраќај кој сочинува близу 60% од вкупниот онлајн сообраќај и 4,67 милијарди корисници на мобилен интернет ширум светот, mCommerce сега е клучен двигател на приходите за е-трговците.

Подолу ги разгледуваме придобивките што може да ги има целосно оптимизираното мобилно искуство за вашата онлајн продавница и активностите што можете да ги преземете за да го подобрите искуството на е-купувачите преку мобилен телефон.

Што е mCommerce?

mCommerce им овозможува на купувачите пристап до онлајн шопинг платформи без потреба од десктоп или лаптоп.

Постојат два клучни уреди кои ја водат револуцијата на mCommerce: паметните телефони и таблетите.

Потрошувачите се потпираат на дигиталните уреди сега повеќе од кога било и тие имаат потенцијал целосно да ги надминат претпочитаните канали за купување на клиентите во следните пет години.

Ако веќе не сте ја оптимизирале вашата е-продавница за мобилен, не чекајте. Ќе имате можност да ги отворите вратите за сосема нов опсег на потрошувачи. 

Придобивките од mCommerce за е-трговците

Имањето оптимизирана мобилна е-продавница има многу придобивки за бизнисите во е-трговијата, од подобрени искуства на клиентите до зголемени конверзии и намалено напуштање на кошничката.

Како почетна точка, селектиравме шест главни предности на мобилната трговија и придобивките што може да ги има за вашата компанија.

  1. Подобрено искуство со клиентите

Во време кога клиентите бараат повеќе од компаниите со кои комуницираат, нудењето беспрекорно искуство на клиентите е од витално значење.

Клиентите сакаат купувачкото искуство да им биде без проблеми и да можат да купуваат каде и кога сакаат преку нивните безжични уреди.

Од гледна точка на клиентите, најголемата придобивка од mCommerce е тоа што е побрз, полесен и поудобен од другите канали за купување – што значи повеќе конверзии за вас.

Што можете да направите: од клучно значење е вашата Search функционалност да враќа брзи резултати и да биде оптимизирана за мобилните корисници, кои можеби купуваат во движење.

  1. Зголемено откривање на производи

Како што социјалните платформи продолжуваат да растат и развиваат, тие можат да бидат главен придонесувач за растот на продажбата меѓу Gen Z и Millennials.

Помладите генерации се под сè поголемо влијание на производите што ги откриваат на социјалните мрежи и преку инфлуенсерите, па зошто да не го продолжат своето искуство со откривање производи и да не им дозволите да ги купуваат на беспрекорно оптимизирана е-продавница за мобилен телефон. 

Затоа, да имате целосно оптимизирана mCommerce е-продавница – или подобро, апликација – е клучот за подобри искуства за купување и зголемени стапки на конверзија.

  1. Допрете до поширока публика

Секој корисник со паметен телефон е потенцијален клиент. Со 83,72% од луѓето кои имаат паметни телефони во 2022 година, тоа се многу можности.

Може да имате нова публика и да се фокусирате на генерирање и негување на тие односи со клиентите за да го зголемите приходот вашиот бизнис понатаму.

  1. Капитализирајте ги импулсивните купувања

Имањето мобилна апликација или мобилна оптимизирана е-продавница им дава на вашите купувачи можност да дознаат информации со само неколку кликања.

Ова е совршено за купувачите кои се во движење и кои сакаат брзо да го завршат купувањето. Прво, на овие купувачи треба да им го олесните целиот процес. И вашиот CТА button нека биде лесно достапен, постојано. 

Овие импулсивни купувачи често се потпираат на моменталното задоволство од завршувањето на купувањето и доколку тоа го направат брзо и имаат позитивно искуство со вас, голема е веројатноста повторно да се вратат.

Тоа е одличен начин да се обезбеди продажба од оваа публика на потрошувачи и да се поттикне продажбата на долг рок. 

  1. Подобро собирање на податоци и аналитика

Мобилниот телефони генерираат поголем фонд на податоци за купувачите поради поголемиот сообраќај и почестата употреба. Тоа може да го користат е-трговците за да обезбедат вредни увиди за нивните купувачи.

Мобилниот софтвер може лесно да собира податоци за купувачите, вклучувајќи локација, историја на купување и email адреси. Овој поголем пристап до податоци преку mCommerce им овозможува на е-трговците да го анализираат однесувањето на корисниците и да создадат појасна слика за нивните купувачи. Овие податоци може да се користат за сегментирање на купувачите врз основа на нивните карактеристики и да помогнат во креаирањето на подобри персонализирани маркетинг кампањи.

  1. Поголем engagement и комуникација со клиентите

mCommerce работи на зголемување на engagement и комуникацијата со купувачите преку обезбедување:

  • Непосреден контакт со купувачите: во форма на Push notifications кои ги промовираат вашите попусти и изданија на нови производи, купувачите од мобилни телефони имаат побрз и полесен пристап до вашата најнова содржина.
  • Поголема комуникација преку повеќеканален маркетинг: можете да комуницирате со купувачите преку повеќе различни канали како што се СМС, мобилни апликации, социјални медиуми и email. Овој повеќенакален пристап ги проширува можностите за маркетинг материјали и води до поголем engagement со вашите купувачи.
  • Подобрено искуството на купувачите: можете да се поврзете со вашите купувачи на многу различни начини и да развиете tone of voice што тие ќе го запознаат и сакаат. Овие можности за поголема комуникација им овозможуваат на вашите купувачи да градат врска  и да ја зголемат лојалноста со вашиот бренд.

Што можете да направите?

Иако постојат различни работи што можете да ги направите – големи и мали – за да го подобрите искуството на купувачите кои користат мобилни телефони, ние одбравме три клучни начини на кои можете да ја оптимизирате вашата страница.

  1. Оптимизиран UX дизајн

Мобилните телефони во денешно време се речиси со големина на мал iPad, и може да бидат малку незгодни за навигација.

Комбинирањето на ова со лошо дизајнирана мобилна страница е рецепт за корисничко незадоволство, или со други зборови, изгубени конверзии. Поради тоа, обидете се да ја земете предвид големината на телефоните и позициите на држење.

Обезбедувањето на вашата страница да е оптимизирана за мобилни телефони со тоа што ќе имате поголеми, јасни Call To Action копчиња, ќе допринесе да не пропуштите продажба поради тоа што некој не може да го најде или да кликнете на копчето за купување.

Ова не важи само вашите CTA, туку размислете за вашите слики, имиња на производи и објаснувања, затоа што тоа има толку силен акцент на градењето на вашата страница и создавањето на беспрекорно корисничко искуство.

  1. Побрз процес на наплата

Ако веќе имате целосно оптимизирана страница за мобилни телефони, не ги одложувајте купувачите да купуваат со долг процес на наплата.

Честопати, купувачите од мобилни телефони ќе пребаруваат во движење, во јавен превоз, на нивните паузи за ручек. Сè што им треба е интернет конекција за пристап до мноштво е-продавници.

Овие купувачи сакаат да ја разгледаат вашата е-продавница, да го најдат тоа што им треба и да го направат нивното купување брзо и ефикасно, така што лесниот процес за плаќање е клучот за намалување на напуштањето на кошничката.

  1. Подобрете го времето на вчитување на вашата мобилна верзија на е-продавницата

Брзините на веб-локациите се особено значајни и тоа не важи само за брза наплата што ја сакаат купувачите од мобилни телефони, туку брзо време на вчитување.

Давањето приоритет на времето за вчитување на вашата е-проданица може да помогне да се зголемат конверзиите и да се задржат вашите купувачи подолго на истата.

Поврзани содржини