Прва NFT изложба со дела од македонски уметници

За прв пат во Македонија, во просториите на Филип Морис ТКП, беше отворена изложба на NFT дела. Изложбата која беше дел од промоцијата на новиот електронски уред за загревање на тутунот – IQOS 3 Duo им даде простор на македонските NFT уметници Darko R, Ива Станковска, Female Punx, Сара Станоеска да ги презентираат своите дела. Во стилот на минимализмот, футуризмот, поп-артот и останати уметнички правци од претходните развојни етапи на уметноста, заедно со технолошката развиеност на сегашноста, уметниците на оваа NFT изложба успеа да претстават ново визуелно, емоционално и ментално патување, низ и надвор од времето и просторот. Ова беше првото запознавање на македонската публика со новата дигитална уметност која со забрзано темпо го освојува светот. Но што всушност претставува оваа нова дигитална уметност, односно што е NFT и како функционираат NFT галериите?

 

Промоција на IQOS 3 Duo во просториите на Филип Морис ТКП
Промоција на IQOS 3 Duo во просториите на Филип Морис ТКП
Промоција на IQOS 3 Duo во просториите на Филип Морис ТКП
Промоција на IQOS 3 Duo во просториите на Филип Морис ТКП

Што е NFT и што се NFT галерии?

Во поново време, дигиталните ентузијасти и трагачите по нов начин на уметничко изразување, сè повеќе се насочуваат кон осознавање и развивање на NFT светот. Кога е нешто ново секогаш остава простор за скептицизам. Во овој случај, некогаш тоа доаѓа од непознатиот терк по кој ќе се развива технологијата, а некогаш доаѓа од потешкото или забавеното прифаќање на нови уметнички начини на изразување, особено кога тие се во дигитална форма. 

За да направиме кратко објаснување, ќе одиме по ред. 

  1. Што е NFT? 

NFT е кратенката за Non-Fungible Tokens, односно Незаменливи Токени. NFT е дигитално средство кое претставува објекти од реалниот свет како уметност, музика, предмети во игра, видеа и тн. Тие се купуваат и продаваат преку интернет, често со крипто-валути, и генерално се кодирани со истиот софтвер како и многу крипто-валути.

Иако постојат од 2014 година, Незаменливите Токени сега стануваат сè попопуларен начин за купување и продавање дигитални уметнички дела. Пазарот за NFT вредеше неверојатни 41 милијарда долари само во 2021 година, износ што се приближува до вкупната вредност на целиот глобален пазар на ликовни уметности.

NFT, исто така, обично се единствени, или барем еден од многу ограничени токени и имаат единствени кодови за идентификација. Тие се создадени (minted) од дигитални објекти кои претставуваат и материјални и нематеријални предмети, вклучувајќи:

  • Графичка уметност
  • GIF-датотеки
  • Видеа и спортски моменти
  • Колекционерски предмети
  • Виртуелни аватари 
  • Музика
  • …листата продолжува

Познатиот дигитален уметник Мајк Винклман, попознат како Beeple, изработи колаж од 5.000 цртежи со кои го создаде можеби најпознатото NFT дело од 2021 година, „EVERYDAYS: The First 5000 Days“, кое беше продадено на Кристи за рекордни 69,3 милиони долари. 

Дури и твитовите можат да бидат NFT. Коосновачот на Твитер, Џек Дорси, го продаде својот прв твит како NFT за повеќе од 2,9 милиони долари.

Секој може бесплатно да ги гледа поединечните слики, но и целиот колаж од слики, онлајн. Тогаш, зошто луѓето се подготвени да потрошат милиони на нешто што лесно би можеле да го снимат од екранот или да го преземат?

Бидејќи NFT му дозволува на купувачот да го поседува оригиналниот дигитален производ. Не само тоа, тој производ содржи вградена автентикација, која служи како доказ за сопственост. Со тоа, колекционерите ги ценат тие „дигитални права” речиси повеќе од самиот предмет.

Во суштина, NFT се како физички колекционерски предмети, само дигитални. Така, наместо вистинската слика, пр. масло на платно, да се закачи на ѕидот, купувачот тоа го добива во дигитална форма (file)

Купувачите исто така добиваат ексклузивни сопственички права. NFT може да има само еден сопственик во дадено време, а нивната употреба на блокчејн технологија го олеснува потврдувањето на сопственоста и преносот на токени помеѓу сопствениците. Уметникот, односно создавачот на делото, исто така може да складира конкретни информации во метаподатоците на NFT. На пример, уметниците можат да ги потпишат своите уметнички дела со вклучување на нивниот потпис во датотеката. 

Beeple - EVERYDAY - The First 5000 Days
Beeple – EVERYDAY – The First 5000 Days

  2. Што е NFT галерија?

Сите NFT-а се дигитална уметност, па како функционира галеријата NFT? Слично на традиционалниот галериски простор!

Откако Beeple го продаде делото „Everydays: The First 5000 Days“ за 69.3 милиони долари, многу луѓе почнаа да се прашуваат како треба да ги прикажуваат NFT делата. Љубовта за гледање уметност во реалниот живот почна да се пробива во NFT заедницата. NFT галеријата е метод што кураторите го користат за прикажување на NFT колекции, па дури и за зголемување на продажбата.

NFT-ата се прикажуваат со помош на LED екрани или висококвалитетни проектори. Ваквиот начин на изложување нуди флексибилност за преставување на NFT дела, затоа што може да ги вклучи и движењата и звуците од делата (доколку ги имаат).

Некои уметнички галерии вклучуваат изложба на физички предмети кои се припратен дел од NFT делата. На пример, NFT уметникот Тејлор Гуд, познат како Warhodl постави реални лименки со супи заедно со неговата NFT колекција.

Дигиталните уметнички галерии за NFT имаат онлајн страници што гледачите можат да ги користат за да купат NFT дела што ќе ги најдат во галеријата. Овој процес може да биде побрз отколку кога се купува “традиционално уметничко дело” затоа што купувањето може да се направи онлајн, без потреба од посредник (art dealer) 

Зошто е важна физичка NFT галерија?

За многу познавачи на уметноста, виртуелното дело нема толкава вредност како “физичко парче” во галерија. Дигитална уметничка галерија за NFT го премостува јазот помеѓу почитувачите на традиционалната уметност и поддржувачите на NFT.

Премостувањето на јазот, односно отворањето NFT галерии, помага да се елиминира стигмата што ги опкружува NFT-ата бидејќи луѓето можат подобро да разберат како тие функционираат. Со тоа што ќе можат да ги поврзат дигиталниот и физичкиот свет заедно, NFT галериите можат да создадат нови можности и за уметниците и за инвеститорите.

Овие галерии се исто така совршена опција за поновите уметници да се пробијат во уметничкиот свет од новото време.

NFT изложба во Филип Морис ТКП - преземено од faktor.mk
NFT изложба во Филип Морис ТКП – преземено од faktor.mk
NFT изложба во Филип Морис ТКП - преземено од faktor.mk
NFT изложба во Филип Морис ТКП – преземено од faktor.mk
NFT изложба во Филип Морис ТКП - преземено од faktor.mk
NFT изложба во Филип Морис ТКП – преземено од faktor.mk