fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Преку Меморандум за соработка со Агенцијата за пошти, до заеднички заложби за намалување на сива економија!

Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Агенцијата за пошти како почесен член во Асоцијацита за е-трговија, денес го потпишаа директорката на Агенцијата за пошти – Билјана Аврамоска-Ѓореска и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски.


„Главните заеднички заложби кои сакаме да произлезат по потпишување на овој меморандум е активна работа кон намалување на неформалната економија во државава и подобрување на поштенските услуги. Заедно сакаме да создадеме услови за имплементација на современите достигнувања во е-трговијата во секојдневното живеење на граѓаните во земјава, а воедно да се развијат и способностите, дигиталната писменост и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија кај нас. Денеска е важен ден за нас бидејќи сакаме заедно да се развиваме и соработуваме во иднина, како и во останатите Европски земји“ – вели директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска-Ѓореска.

Во меморандумот се наведува дека Агенцијата за пошти и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе креираат и земат учество на еминентни настани од областа за е-трговија и ќе придонeсуваат за развојот на програмите за потребите на корисниците на услугите. Исто така ќе разменуваат професионални совети, споделуваат тековни и нови искуства.

„Со потпишување на овој меморандум за соработка со Агенцијата за пошти ќе работиме на подобрување на поштенските услуги и зголемување на транспарентноста и квалитетот при достава на пратки. Заеднички ќе придонесуваме кон градење на доверба кон поштенските услуги преку подобрување на безбедноста на испораката, а ќе понудиме и конкретни мерки за сузбивање на сивата економија во е-трговијата.“ – велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Според Агенција за пошти, креирањето на специфична правна рамка за потребите на овој растечки пазарен сегмент на услуги, ќе ја зајакне правната сигурност и на испраќачите и примачите на поштенски пакети, но и воопшто сигурноста и довербата во поштенскиот сектор како нераскинлив дел од ланецот на купувањето на далечина.

Од АЕТМ уште еднаш ја поздравуваат отвореноста за соработка на институциите и информираат дека само со заеднички холистички пристап од сите засегнати страни може да се придонесе кон подобрување на условите на е-трговците и е-купувачите.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република С. Македонија.

Виктор Стојкоски

Post a comment