
Е-трговијата во Македонија продолжува да расте, а со неа и навиките на потрошувачите. Сè повеќе граѓани се одлучуваат за плаќање онлајн, а особено е интересен порастот на повторливите плаќања, како што се месечни претплати за содржини, сметки или услуги, како што согледавме во анализата на АЕТМ на податоците за Q1 2025 за е-трговија од НБРСМ.
Што се тоа повторливи (recurring) плаќања?
Наједноставно речено, повторливите плаќања се автоматски онлајн трансакции што се повторуваат во редовен временски интервал – најчесто месечно. Корисниците еднаш внесуваат податоци од платежната картичка, и потоа не мора да мислат секој месец дали платиле. Такви примери се:
- Претплати за стриминг сервиси (Gley, Spotify, Netflix, ChatGPT)
- Плаќање на сметки (струја, вода, интернет)
- Членарини (како што е FitKit за фитнес, професионални здруженија)
- Обновување на лиценци и услуги преку дигитални платформи
Што покажуваат податоците од првиот квартал на 2025 за Македонија?
Според најновата анализа на АЕТМ врз основа на податоци од НБРСМ, повторливите онлајн плаќања значително се зголемуваат во Македонија:
- Раст од 29% во вредност и 18% во број на трансакции од домашни картички кон домашни е-трговци
- Раст од 29% во вредност и дури 43% во број на трансакции кон странски е-трговци
Ова покажува дека сè поголем број Македонци ги користат претплатите како начин на плаќање, но и сѐ почесто ги плаќаат сметките онлајн. Овој тренд носи погодности како навремено плаќање, заштеда на време и намалување на употребата на готовина.
Spotify – една од најпознатите платформи за претплата во Македонија
Кога зборуваме за повторливи претплати, Spotify е дефинитивно една од најпрепознатливите платформи кај нас. Од музика, до подкасти и специјализирани плејлисти, Spotify е веќе дел од секојдневието на голем број Македонци.
🇲🇰 Бројки за Spotify во Македонија
- Околу 170.000 активни корисници месечно (и free и premium корисници)
- Само околу 10-15% се Premium корисници (останатите ја користат бесплатната верзија со реклами)
Зошто Spotify е важен пример за recurring плаќања?
Spotify е платформа која бара месечна претплата за Premium корисници, што значи дека ја користи можноста за автоматски наплати преку картичка. Воедно, таа служи како еден од првите сервиси каде многу млади корисници првпат внесуваат картичка онлајн, и така почнуваат да ги градат своите навики за дигитални плаќања.
Но Spotify не е само алатка за уживање во музика – таа е и моќна платформа за дигитално огласување, особено кога станува збор за поврзување со млади, урбани и дигитално активни потрошувачи.
Според податоци добиени преку нашиот партнер Aleph, кој е ексклузивен претставник на Spotify Ads за Македонија:
- 170.000 активни корисници месечно користат Spotify во Македонија
- Само 10–15% се Premium, што значи дека над 150.000 корисници слушаат реклами
- Корисниците се претежно millenials и Gen Z, од кои 32% имаат високо образование, а 28% припаѓаат на повисоките приходни категории
- Spotify поддржува рекламирање во повеќе формати – аудио, видео и display, и има докажано ефекти врз:
- +105% зголемување на brand awareness (препознавање на бренд)
- +102% зголемување на ad recall (присетување на реклами)
- +159% при мултиформатни кампањи
Со помош на Aleph, локалните бизниси во Македонија веќе можат да планираат и таргетираат реклами на Spotify, што отвора нови можности за ефикасно комуницирање со публиката токму во моментот кога таа обрнува највеќе внимание – додека слуша музика, трча, вози, се релаксира.
Во продолжение споделуваме неколку интересни пример кампањи на брендови кои ја искористиле моќта на Spotify за нивно рекламирање на малку поинаков начин кој е интересен и за корисниците.
Barilla x Spotify: плејлисти кои ти кажуваат колку долго време треба да ги готвиш нивните тестенини
Barilla ја искористи креативноста на Spotify и создаде специјални плејлисти со траење според времето потребно за готвење различни облици тестенини – од шпагети до фусили. Кампањата „Playlist Timer“ е направена за да готвењето дома стане поинтересно и поврзано со музика.
Плејлистите се микс од најслушаните музички жанрови во Италија – поп, хип-хоп, инди и класика – и се именувани креативно, како „Boom Bap Fusilli“ или „Mixtape Spaghetti“. Секоја од нив трае точно колку што треба за совршено варена паста.
Со оваа идеја, Barilla успеа да биде дел од секојдневието на луѓето дома, нудејќи не само производ, туку и искуство – токму преку Spotify.
Adidas x Spotify: како Adidas успешно ги обедини музиката и спортот во Хрватска
Adidas во партнерство со Aleph и Spotify креираше плејлиста за трчање “adidas Runners”, која за кратко време стана омилен избор за тренинг на спортистите, со над 15.000 слушања и 43.000 ислушани минути музика. Кампањата беше насочена кон млади активни луѓе, и ги повика да се приклучат кон заедницата за трчање преку специјален microsite, корисни совети и мотивациски содржини.
Повеќе од 52% од слушањата биле од Spotify Premium корисници, што ја покажува моќта на платформата за создавање вистинска поврзаност со публиката.
Податоците за првиот квартал од 2025 година јасно покажуваат дека повторливите плаќања веќе не се тренд – тие се нова навика на македонските потрошувачи. Од плаќање сметки до претплати за дигитални содржини, сѐ повеќе луѓе избираат удобност, автоматизација и сигурност при онлајн купувањето.
Во сето тоа, платформите како Spotify играат клучна улога – не само како услуга за слушање музика, туку и како пример за модерно претплатничко искуство и иновативен медиум за брендовите. Преку интересни кампањи како оние на Barilla и Adidas, Spotify покажува како музиката може да стане дел од секојдневието, не само за забава, туку и како алатка за поврзување со публиката.
Зад сите овие можности стои и поддршката од Aleph, кој овозможува брендовите во Македонија да го искористат потенцијалот на Spotify за рекламирање – со прецизно таргетирање, креативни решенија и силен ефект врз корисниците.
Повторливите плаќања не само што го менуваат начинот на кој купуваме – туку и начинот на кој брендовите комуницираат, луѓето слушаат, и целокупно – како живееме во дигиталното секојдневие.