Персонализација во е-трговија: it’s here to stay!

Истражување од CommerceNext и CommX ни прикажува очигледен заклучок од трендовите во изминатите неколку години: personalization is here to stay!

Истажувањето било спроведено помеѓу директори за дигитален маркетинг и е-трговија кои велат дека воспоставувањето на значајни врски со купувачите преку loyalty програми за нив е врвен приоритет. 52% од испитаниците планираат да лансираат loyalty програма или да ја прошират веќе постоечката во 2022 – и дека тоа им е поважно отколку да инвестираат во технологии како што сè крипто плаќања и виртуелна реалност.

Во оваа индустрија се случуваат многу работи, меѓу кои и поголема активност во е-трговијата што започнале за време на пандемијата, и сè уште немаат опаднато.

Се забележуваат и зголемени трошоци за стекнување на клиенти, особено на Facebook, каде што цената на рекламите се зголемува поради поголема конкуренција.

Рекламирањето преку платените реклами ќе остане #1 опција за стекнување на клиенти во 2022, но нивните високи цени ги натераа е-трговците да бараат начини за рекламирање кои ќе генерираат поголема рентабилност оваа година.

Брендовите кои сакаат да ги привлечат своите клиенти ја приоритизираат лојалноста, искуството и персонализацијата и ги насочуваат своите пари и маркетинг напори на лансирање или проширување на програмите за лојалност во 2022 година за да изградат подобри и потрајни брендови.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА И ЛОЈАЛОСТ ВО Е-МАИЛ МАРКЕТИНГ

  1. Fenty Beauty – You get in first!
Е-маил маркетинг: Fenty Beauty
Е-маил маркетинг: Fenty Beauty

Можеме да забележиме дека преку subject линијата на е-маилот, како и потенцирање на заедницата, т.н. Fenty “фамилија“ компанијата сака да потенцира дека токму тој што го добива овој е-маил е верен купувач и поради тоа, му дава ексклузивен, ран ВИП пристап на 30% распродажбата која се случува на нивната е-продавница.

Погледни ја целата е-маил кампања тука.

2. Mahabis – Don’t miss your free gift!

Е-маил маркетинг: Mahabis

Subject линијата веднаш го примамува купувачот со ургентност и персонализација, додека кога тој ќе го отвори мејлот, го осигурува дека токму неговиот бесплатен подарок е сè уште достапен.ж

Погледни ја целата е-маил кампања тука.

3. Topicals – How’s YOUR skin feeling today?

Е-маил маркетинг: Topicals
Е-маил маркетинг: Topicals

Се користи subject линијата за да се задржи вниманието на купувачите со тоа што компанијата ги прашува нешто директно за нивната кожа, додека внатре во е-маилот директно посочува посебен продукт за секоја состојба во која би можела да се наоѓа кожата на купувачот.

Погледни ја целата е-маил кампања тука.

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО Е-ТРГОВИЈАТА?

Помеѓу сите анкетирани, предизвиците што доаѓаат од синџирот на снабдување и понатаму се сметаат за примарна пречка за постигнување на посакуваните резултати за продажба од страна на 61% од испитаниците, додека 75% од анкетираните трговци рекле дека зголемените трошоци за стекнување клиенти се нивна примарна грижа.

Загриженоста за инфлацијата е исто така присутна; 56% од испитаниците очекуваат минимално зголемување на цените од 6%, а 20% очекуваат зголемување од над 10%.

На стекнувањето клиенти по мала цена му е дојдено крај. Фокусот сега е на обезбедување подобри, порелевантни искуства на постојните клиенти и на новите клиенти. Затоа се забележуваат толку многу инвестиции во работи како персонализација и лојалност, како подобрување на пребарувањето и навигација на сајтови.

Сега е поважно од кога било за брендовите да инвестираат во нешто што ќе им овозможи да поседуваат свои податоци и да градат животна вредност за своите клиенти. Колку повеќе брендови му даваат приоритет на искуството на клиентите и нивно задржување преку разновидни напори на страна од платено рекламирање на социјалните мрежи, толку поодржливи ќе бидат нивните бизниси.

Можностите во 2022 година вклучуваат многу можности за дополнителен приход како меѓународната е-трговија, јасна област на фокус, додека ставовите на испитаниците за социјалната трговија се измешани: 45% од нив велат дека сè уште „ја разгледуваат“, но не и даваат приоритет.

Според истражувањето, кога станува збор за Метаверзумот, испитаниците се со “wait and see” пристап. Секој трговец сака да биде иновативен и да пробува нови работи, но е прашање на тоа колку време и ресурси вложуваат во тоа во однос на другите работи. Не е дека испитаниците целосно ги исклучуваат Crypto и AR/VR како опции, туку им даваат приоритет на други работи за кои ќе бидат потребни ресурси.