
Основана во 1991 година, Оптика Орбис е препознатлива по широкиот избор, пристапните цени и беспрекорната услуга. По три децении посветена работа во нивната физичка продавница во ГТЦ, тимот на Орбис направи огромен чекор напред и ги пласираа своите производи онлајн преку јавниот повик на АЕТМ и Visa “Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.2” во 2024 година.

Со поддршка од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Visa, Орбис доби грант наменет за отворање на сопствена е-продавница, а заедно со оваа поддршка, добија и пристап до менторство, консултации, техничка поддршка и проверени партнери кои помогнаа нивната визија да стане реалност.

Во периодот од јуни до јули 2024 година, започна процесот на планирање, изградба и финализирање на е-продавницата на Орбис во рамки на јавниот повик на АЕТМ и Visa. Тој процес не беше едноставен – преносот на нивниот огромен асортиман во онлајн формат беше вистински предизвик. Но, вложениот труд се исплатеше. На 12 август 2024 година, нивната онлајн продавница официјално беше лансирана.
Новата е-продавница им овозможува на клиентите да купуваат диоптриски и сончеви очила, како и контактни леќи, на едноставен и транспарентен начин. Со воведување на е-продавницата, од Орбис велат дека не само што го подобриле искуството за своите постојните купувачи, туку е-продавницата им отворила врата и за нови купувачи – од различни генерации и со различни потреби. Најголем бенефит за нив од отворањето на е-продавницата е тоа што прашањата кои претходно им стигнувале преку Instagram пораки, сега се пренасочени кон нивната е-продавница, автоматизирани и појасно организирани. Логистиката и испораката функционираат беспрекорно, плаќањето е достапно онлајн со картичка, а корисничката поддршка остана нивна силна страна.
Од optikaorbis.mk велат дека онлајн продажбата веќе покажува охрабрувачки резултати. Иако физичката продавница и понатаму има доминантна улога, е-продавницата бележи постојан раст. Купувачите од цела Македонија сега имаат директен пристап до производите на Орбис, а компанијата бележи раст не само во продажбата, туку и во препознатливоста на брендот.
Лансирањето беше придружено со активна промотивна кампања, најмногу преку Instagram, каде директната комуникација со следбениците и креативната презентација на производите придонесе за подигнување на свеста и интересот за новата е-продавница.
Она што посебно радува е фактот што Орбис не застанува тука. Нивната дигитална визија е динамична – постојано се слуша фидбекот од клиентите, се додаваат нови функционалности и се унапредува корисничкото искуство. Со јасна стратегија, Орбис успешно го комбинира традиционалното со модерното.
Во рамки на јавниот повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.2“, спроведен по втор пат во 2024 година во партнерство со Visa, АЕТМ ја продолжи својата мисија за поддршка на микро, мали и средни претпријатија во нивната дигитална трансформација. Преку ваквите иницијативи, ја раскажуваме приказната на бизниси како Оптика Орбис – доказ дека и семеен, локален бизнис со долга традиција може успешно да влезе во светот на е-трговијата, кога има визија, стратегија и вистински партнери покрај себе.
Јавниот повик е активен и оваа година – ако сте микро, мал или среден бизнис кој сака да ги пласира своите производи онлајн, дознајте повеќе и аплицирајте на https://ecommerce.mk/javenpovik-visa-2025/