Kолку е важна cодржинатa креирана од ваши купувачи за вашата е-продавница?

Ако вашата е-продавница не ја искористува содржината која ја креираат вашите купувачи, тогаш веројатноста дека пропуштате многу при продажбата е голема. Содржината која ја создава купувачот (user-generated content) се однесува на секаков вид содржина која се креира при посета на вашиот веб сајт; тоа може да биде коментар, рецензија, објавена фотографија или видео.

Да појдеме сами од себе, знаеме дека пред да направиме било каква трансакција за некаков производ онлајн, внимателно ги анализираме искуствата со производите на другите купувачи, нивните рецензии и коментарите кои ги оставаат на веб сајтот каде што го набавиле истиот. Доколку некој производ нема рецензија, голема е веројатноста да го одминеме, и да преминеме во потрага на истиот на друг веб сајт. Токму тоа е загубена продажба, и дава до значење колку всушност содржината генерирана од купувачите е од важност за успешноста на вашата е-продавница.

Со овозможување на простор каде корисниците на вашата е-продавница ќе можат да го искажат нивното мислење, можете да додадете огромна вредност на вашите клиенти, да ја подобрите стапката на повратни посети, и да ја зголемите продажбата. Па така, разгледајте неколку начини на кои може да се искористи креираната содржина:

Мислења на вашите купувачи – како да ги искористите?

Мислењата на корисниците на вашата е-продавница можат да бидат поставени на различни начини преку истата, без директна интеракција со други корисници. Ваквата содржина се нарекува еднонасочна – се одвива помеѓу корисникот и е-продавницата. 

Најдобар начин за прикажување на истите се testimonials – мислење или препорака од ваш купувач кое е испратено до вашата е-продавница; тоа внимателно се уредува, и потоа објавува со цел да биде достапно за вашите останати купувачи. Рецензиите на вашиот веб сајт се одличен пример за придонес, тие можат да бидат воопшто или делумно модерирани. Корисниците можат да објавуваат слики од производи, видеа, да пишуваат објави на свои блогови, или да споделат успешни приказни:

Онлајн заедници – пренесување на мислења од корисник до корисник

Онлајн заедницата се однесува на двонасочна содржина преку која купувачите комуницираат меѓусебно преку одреден веб сајт. Во време кога социјалните мрежи се во подем повеќе од кога било, споделувањето на мислења и дискусии во врска со вашите производи се шират и надвор од вашиот веб сајт; најдобар пример за ова се Facebook групите. Онлајн заедниците можат да бидат многу моќни, но, имајте во предвид дека можат да станат деструктивна сила и PR кошмар доколку вашата компанија се справува со некаков вид на проблем. Од друга страна, тие можат да придонесат за лојалноста на брендот додека, доколку се работи за технички производ, можат да послужат како место каде корисниците можат да се поврзаат еден со друг за споделување на совети.

Апликација и примена на содржина генерирана од корисници

Како и кога ќе користите содржина креирана од вашите корисници на вашата веб-страница зависи од многу фактори: производите што ги продавате, демографијата на вашите клиенти и видот на брендот што го имате. На пример, компанија за облека што апелира првенствено на млади лица, веројатно ќе има многу поголем успех со фотографии создадени од купувачите, отколку од адвокатска фирма која се обидува да продаде осигурување на жртви на измама. Ова се неколку работи што треба да ги земете предвид при планирање на содржината креирана од купувачите:

  • Публика – дали кај вашата целна публика постои поголема веројатност да користи социјални медиуми, постојано да фотографира или да разговара преку Интернет? Или пак, публиката се состои од деловни професионалци кои не сакаат да губат време и претпочитаат практични информации?
  • Бренд – дали имате бренд со потенцијални следбеници? На пример, уникатен вид на пиво може да развие лојални следбеници, но компанија која продава канцелариски материјал можеби не би создала ист тип на ентузијазам.
  • Ниво на удобност -имањето содржина генерирана од вашите купувачи понекогаш значи дека тие ќе кажат лоши работи за вашиот производ или бизнис. Дали сте задоволни кога дозволувате критика за вашата компанија или претпочитате да имате целосна контрола врз вашите пораки?

Начини на имплементација

  • Совети и предлози – вашите корисници можат да бидат одличен извор на информации за тоа како да го унапредите вашиот производ. Луѓето исто така сакаат да бидат корисни. Што и да одлучите да вклучите, запомнете: Секогаш можете да направите прилагодувања и да пробате нешто поразлично. Не заборавајте да побарате feedback од вашите корисници. Честопати, тие ќе имаат неколку одлични идеи на кои никогаш не сте се сетиле.
  • Фотографии– особено ако имате производ кој е многу визуелен, како што е облеката, или пак модни додатоци, можете да ги охрабрите вашите купувачи да објавуваат фотографии од себе со вашиот производ.

  • Онлајн групи – без разлика од нивната форма, која најчесто е група на Фејсбук, можете да ги искористите онлајн групи со цел да ги поврзете купувачите едни со други и да ги одржувате ангажирани со вашиот бренд. Пример може да биде компанија за опрема за надворешни спортови како планинарење, која нуди група преку која планинарите можат да се поврзат едни со други.

Предноста на содржината која е креирана од вашите купувачи е во тоа што е достапна со само неколку кликови; доколку клиентот купува нешто во физичка продавница, нема веднаш достапни рецензии за производот, фотографии од тоа како тој би изгледал при користење и слично. Па така, искористете ја предноста и подигнете го искуството при посетата на вашата е-продавница на повисоко ниво.