
На 28 мај, LinkedIn објави сет на нови аналитики за обезбеди подобар увид во интеракцијата на вашите следбеници со вашите поединечни објави. Оние кои имаат LinkedIn Premium ќе имаат пристап до најширокиот спектар на нови метрики, но корисниците кои имаат regular профили исто така ќе можат да имаат корист.
Запознај сè со новите аналитики
Како што објави Гјанда Сачдева, VP of Product Management на LinkedIn, социјалната платформа воведе нова аналитика за индивидуални објави.
Со непосреден ефект, сите корисници на LinkedIn ќе можат да видат кога некоја објава ќе поттикне одреден корисник да го отвори вашиот профил или да ве заследи. А ако сте претплатник на Premium, ќе можете да видите и кога корисникот ќе кликне на прилагодено копче кое можете да го поставите, како што е линк до вашиот newsletter, е-продавница или портфолио.
Овие аналитики можете да ги пронајдете при влегување на одредена објава и кликнување на “View analytics”, на истото место каде што беа аналитиките до сега.

Како што е прикажано на before and after скриншотот горе, новите метрики се појавуваат во две нови секции:
- Profile Activity: Број на нови следбеници и добиени прегледи на вашиот профил
- Link Engagement: Кликови на поставените линкови на вашите објави
Како да го извлечете максимумот од аналитиката на LinkedIn
Трите нови аналитики на објави можеби изгледаат како мали промени, но сепак нудат низа придобивки за усовршување на вашата стратегија за социјалните медиуми.
Искористете ја аналитиката за да ја зголемите вашата публика
Метриката за објави „Followers gained“ е goldmine за корисниците на LinkedIn кои сакаат да го зголемат бројот на следбеници. Со следење на типовите објави што привлекуваат нови следбеници, ќе можете да ја прилагодите вашата стратегија за да ги удвоите оние објави кои што даваат резултати.
Одржувајте ги вашите следбеници активни
Иако гледањето што го движи бројот на нови следбеници на еден профил е одличен начин да се идентификуваат објавите што привлекуваат нови следбеници, метриката „Profile visits“ ја демистифицира содржината што ги тера вашите постоечки следбеници да се враќаат за повеќе 🙂
Метриката „Profile views“ е корисна за градење авторитет на брендот и лојалност помеѓу клиентите, бидејќи ќе ви помогне да се фокусирате на типовите објави што токму нив ги интересираат.
Знајте што поттикнува активност од страна на вашите корисници
За претплатниците на LinkedIn Premium кои имаат пристап до поставување на custom копчиња и аналитика од истите, ќе можете да следите кои објави предизвикуваат активност во некоја ваша одредена област.
Можете да ги следите кликовите на сите custom копчиња, што е одлична можност за следење на интересот на вашите корисници за:
- Вашата е-продавница
- Блог
- Портфолио
- LinkedIn newsletter
- Ваши достапни услуги
Најновите аналитики за увид на LinkedIn го носат ова на следно ниво со тоа што покажуваат појасна слика за поширокото влијание што го имаат поединечните објави – без разлика дали тие се за привлекување внимание кон вашата е-продавница или портфолио, или за пак за градење на brand awareness.
Користејќи ги овие аналитики, ќе можете да креирате мешавина од објави на LinkedIn што се насочени и кон новата и кон постојната публика. Колку повеќе ги разбирате објавите што имаат специфични влијанија, толку посигурно можете да правите промени во стратегијата како што се менуваат вашите цели на социјалните медиуми.