Новости од е-трговија

Маркетингот и GDPR: Што треба да знаете за да ги усогласите

Споделувањето на податоци значително се распространи во дигиталниот свет. Податоците и информациите без сомнение се претворија во големо богатство или т.н. “нафтата на 21 век”. И поради големиот и брз проток на податоци и информации, дигиталната економија е во експанзија. Но, имплементацијата на Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR – General Data Protection Regulation) донесе нов бран во дигиталниот свет и нејзиното влијание стана огромно, особено во дигиталниот маркетинг.

GDPR донесе промени во начинот на управување со податоците и начинот на рекламирање. Концептот на контекстуално рекламирање ја доби основата по воведувањето на Законот за заштита на лични податоци. Контекстуалното рекламирање се заснова на содржините што корисникот ги гледа во реално време, како што се: блогови, објави на социјални медиуми, веб страници за вести и тн. 

Целното рекламирање врз основа на профилите на корисниците не е дозволено без нивна согласност и е спротивно од стандардите на GDPR. Но кои се стандардите на GDPR? 

 

GDPR водич за дигитален маркетинг

Во продолжение ви претставуваме неколку клучни принципи за усогласување со регулативата.

Ревизија на вашата база на податоци

Повеќето од грижите во врска со усогласеноста со GDPR на вашата веб страница може да се решат со ревизија на базата на податоци.

Проверката на базата на податоци на вашата веб страница и проверка на начинот на кој сте постапувале со корисничките лични податоци (собирање, користење, складирање и пренесување) може да помогне да се одберат областите на кои треба да се фокурсирате за да го усогласите вашиот систем со GDPR.  Маркетингот бара кориснички податоци како име, email адреса, телефонски број, адреса за пошта и инофрмации за плаќање. Сите овие претставуваат лични податоци бидејќи можат да идентификуваат одредена личност. 

Проценката на типот на лични податоци може да ви помогне да ги одредите соодветните безбедносни мерки што треба да ги преземете. 

Исто така, може да ви покаже дали вашата обработка е на законска основа и дали ги следи стандардите на GDPR наведени подолу.

 

 

Поставете opt-in и opt-out  

Opt-in и opt-out се две од најважните области во дигиталниот маркетинг. Согласноста под GDPR е нашироко дискутирана уште од имплементацијата на регулативата. Не може да се користат податоците на корисниците без нивна согласност. Не само тоа, согласноста мора да биде валидна. 

 

Валидна согласност мора да биде: 

  • Дадена слободно – не ги принудувајте корисниците да се согласат да ги користат нивните податоци.  
  • Јасно дефинирана – не ги бунете корисниците со жаргон и пакет барања за согласност поврзани со различни процеси. Поставете едно барање за една цел и бидете конкретни. 
  • Со доволно информации – не ги држете корисниците во неизвесност. Кажете им сè што е потребно пред да побарате согласност што ќе им помогне да направат (информиран) избор. Тие треба да разберат зошто ви е потребна нивната согласност, што се случува кога ќе се согласат и што е најважно, дека можат да ја одбијат согласноста. 

Друг елемент на валидна согласност, која треба да ја имате на ум, е дека можноста да се повлече согласноста треба да биде исто лесна достапна како и кога се бара/дава.  И тука не треба да има недоразбирање. Поставете лесно достапен систем за повлекување на согласноста во секое време. 

Различни начини за активен opt-in се: 

  • Потпишување на изјава за согласност во хартиена (hardcopy) форма;
  • Штиклирање на полињата за пријавување (opt-in boxes);
  • Кликнување на opt-in копчиња или линкови;
  • Избирање од да/не опции;
  • Избор на технички поставки или поставки на контролната табла;
  • Одговарање на email со барање согласност.

Вашите opt-in и opt-out системи, како што се формулари и известувања за колачиња мора да ги содржат сите овие елементи за да бидат усогласени со стандардите на  GDPR.

Сфатете го сериозно усогласувањето со колачињата. 

Колачињата се значаен дел од веб технологијата. Веб страниците вообичаено ги користат за да ги запомнат корисничките параметри или да ги идентификуваат корисниците кога ќе ги посетат следниот пат. Со други зборови ова се first-party cookies или (задолжителни) колачиња од прва страна. 

Проблемот со колачињата според GDPR е кога тие ги следат личните податоци на корисниците за целно рекламирање или аналитички цели. За разлика од задолжителните, ова се third-party cookies или колачиња од трета страна за кои е потребна согласност. Овие колачиња им помагаат на маркетерите во нивната работа (аналитиката и рекламирањето) и затоа е многу важно да се усогласат со Регулативата. 

Како што веќе напоменавме, согласноста од корисникот може да се бара на различен начин. Најчест користен метод е прикажување на  банерот за согласност за колачиња во согласност со GDPR на веб страницата. 

 

Footer Cookie Banner
Footer Cookie Banner

Проценете ги услугите на трети страни

Доколку користите услуги од трети страни за ваши маркетинг цели, тогаш мора да идентификувате како ги собираат и користат податоците преку веб страната. 

Мора да прегледате и потврдите дали нивните политики се согласуваат со стандардите на GDPR. Посебно мора да знаете каде ги складираат податоците (или нивната точка на пристап) и дали имаат соодветни безбедносни мерки со кои сигурно се чуваат податоците.

Додадете/ажурирајте ги политиките за приватност

Едно од главните барања на GDPR е да се биде транспарентен. Политиките за приватност на веб страницата мора да објаснат како вие (и третите страни) ги собирате користите и заштитувате личните податоци на корисниците. И објавувањето на вашите информации за контакт се дел од транспарентноста. Сите овие информации мора да бидат напишани концизно и прецизно. 

Политиката за приватност треба редовно да биде прегледувана и ажурирана, со што при секоја промена треба да се испрати информација до корисниците. 

Рафинирајте  го маркетингот преку email

Маркетингот преку email е една од најпогодените области во GDPR. Повеќе не можете да праќате масовни маркетинг мејлови доколку немате согласност од корисникот (или доколку немате правна основа за тоа). 

Потребно е да обезбедите двојна opt-in опција за претплата на newsletter. Двојната opt-in опција е метод за потврдување на согласноста на корисниците со испраќање на email со линк за согласност по нивното одобрување да добиваат email услуги. 

Unsubscribe или опцијата за отпишување од маркетинг листата е уште една од начините како да се усогласите со стандардите на GDPR

 

Morning Brew - opt-in
Morning Brew – opt-in

Имплементирајте ги правата на корисниците. 

Вашите маркетинг процедури мора да ги покриваат сите права на корисниците според GDPR

Мора да се осигурате дека имате соодветен канал за корисниците да ги бараат и остварат своите права. Одговорот на овие права мора да биде лесен за разбирање и навремен. Во случај да сакате да одбиете да ги исполните барањата, мора да постои легитимна и валидна причина за тоа.

Документирајте сè

Документирајте ги методите на обработка и секој чекор што сте го направиле за чистење на вашата веб-страница. Тоа ќе ви помогне како доказ за вашата усогласеност со GDPR. Можете исто така да ги прегледате доколку се појави таква потреба во иднина.

 

 

Ова се некои од големиот број на области кои ги опфаќа GDPR. Сите тие имаат една цел – создавање побезбеден дигитален свет за сите.

Мора да се трудите да бидете во согласност со регулативата и исто така да го подготвите вашиот тим да ја следи. Не вреди да се биде на погрешната страна на законот, што ќе привлече негативно внимание.

Доколку сакате да дознаете многу повеќе за новите стандарди на GDPR и како се применуваат во е-трговијата, пријавете се тука на обуката организирана од АЕТМ и ПРАЈВАСИ “Користење на личните податоци во дигиталниот маркетинг”

Целосна агенда за обуката може да најдете тука

 

 

 


Cookieyes.com