Малите бизниси и нивниот органски успех на TikTok

„Ова беше само нешто што го правев на страна кога бев на училиште, и на крајот испадна дека ќе биде моја full-time работа“, вели Хајден Ранкин, ко-основач на Nice Shirt.

article cover

Сè што е потребно е само еден момент — или видео — за еден мал бизнис да стане популарен.

Во ноември 2020 година, Хајден Ранкин и Мејсон Менинг објавија TikTok за нивната бизнис идеја: клиентите им пишуваат барање за дизајн на маичка или дуксер и плаќаат за тие да ја направат маичката и да им ја испратат, без претходно да ја видат. Видеото добило повеќе од 1,5 милиони прегледи и речиси 370.000 лајкови. Речиси две години подоцна, нивната компанија “Nice Shirt. Thanks” има повеќе од 440.000 следбеници на TikTok, 400 дизајнери кои работат за нив и 6.500 нарачани дизајни од секаков можен вид. Еден од ко-основачите вели дека планираат да продадат најмалку 50.000 маички до крајот на годината.

@niceshirtthanks #greenscreen *insert cat pun here #niceshirtthanks ♬ men – OT even

„Нашата компанија продолжи да расте“, ни рече Ранкин, додавајќи дека „по започнувањето на овој мал бизнис, се надевавме дека ќе продаваме можеби една или две маички на ден. Ова беше само нешто што требаше да го правам на страна кога бев на училиште, и на крајот заврши како моја full-time работа“. Според Ранкин, приходите генерирани од Nice Shirt. Thanks! има „прилично директна корелација со views на TikTok“. И ова не единствениот мал бизнис кој гледа бенефити од TikTok.

Според извештајот на платформата за поддршка на малите бизниси Hello Alice, 59% од анкетираните мали и средни бизниси рекле дека TikTok им помогнал да ги зголемат приходите. “Nice Shirt. Thanks!” како и други мали бизниси како брендот за облека Sani и кафулето The Nitro Bar, ни кажаа дека до денес нивниот маркетинг, и на TikTok и надвор од TikTok, е целосно органски.

Бесплатен публцитет

Бека Соер, глобален шеф за решенија за мали бизниси на TikTok, вели дека ниската бариера за влез, можноста да се допре до оние кои не се следбеници на вашиот профил на “For You” страната и зголемената популарност на апликацијата придонеле за успехот на малите бизниси на платформата.

Навистина значи и типот на содржина што ја објавуваат малите бизниси.

„Мислам дека она што ја прави содржината за мали бизниси навистина моќна е самата автентичност на истата“, рече таа, додавајќи дека луѓето „навистина им се допаѓале и се поврзале“ со секојдневните објави, кои им овозможуваат на гледачите да одат зад сцената на некој мал бизнис.

Сестрите Ники и Ритика Шамдасани дебитираа со нивниот индиски бренд за свадбена облека, Sani, на Rent the Runway на почетокот на 2020 година. Кога се појави пандемијата, Ники предложила тие да се придружат на TikTok. Да не се придружеле, вели Ритика, „нашиот бренд можеби немаше да постои“.

Шестото видео на Sani – кое се фокусира на инспирацијата зад еден од нивните дизајни – било нивното прво видео што станало вирално и сега има речиси 3 милиони прегледи и повеќе од 415.000 лајкови. Ники вели дека можноста за свесност за еден бренд која ја нуди платформата им помогнала да останат „во живот“ додека одржувањето на свадбите не започне повторно.

@sanisisters So we did a thing #foryoupage #foryou #MakeTheLeap #fyp #fashionasmr #AfterMyCoffee #TheReplay @ritikasham ♬ Moon (And It Went Like) (feat. Julia Minkin) – Kid Francescoli

Тие сега имаат скоро 150.000 следбеници на TikTok, во споредба со околу 32.000 на Instagram – бројка за која Ритика вели дека пораснала како резултат на нивните следбеници на TikTok.

До денес, Ритика вели дека тоа видео и нивниот серијал видеа „работите што би ги носел на индиска свадба“ највеќе влијаеле на нивната продажба. Кога објавуваат одредена комбинација на облека и забележуваат пораст во купувањата, тие ја припишуваат продажбата на TikTok во следните 15-30 дена. Таа вели дека TikTok сочинува околу 50% од нивниот органски приход.

Во споредба со Instagram, Ники вели дека TikTok им дозволил да се изразуваат по „лично“ и да ги запознаат своите купувачи со нивната позадина.

„На Instagam, купувачите не би ни знаеле дека ние две сме основачи.. TikTok ни стана платформа на која можеме да им кажеме на нашите купувачи повеќе за нас и нашите вредности“, вели таа

Тие, исто така, собираат многу корисни информации во делот за коментари: тој дел им помага да одлучат кога е најсоодветно време да направат sample sale или пак да одлучат во кој град следно треба да направат pop-up настан.

„Ние сме базирани во Северна Каролина, така што одиме таму каде што можеме лесно да возиме, но користиме TikTok за да откриеме каде треба да одиме следно, бидејќи тогаш знаеме дека всушност можеме да ја одведеме нашата TikTok публика на некој настан“, вели таа

Флексибилноста е уште една причина за која Бека Соер, глобален шеф за решенија за мали бизниси на TikTok вели дека профилите на малите бизниси перформираат добро на TikTok: „Малите бизниси имаат предност бидејќи се многу пргави и агилни и подготвени да тестираат“, велат тие. „А за тoa не треба голем маркетинг буџет или професионален маркетинг тим“.

За “The Nitro Bar”, кој прерасна од количка за кафе во ланец на кафулиња во Род Ајленд, шефот на маркетинг Џеки Тантимонако ни кажа дека естетски убавите видеа (како ова подолу) најдобро резонираат на TikTok, каде што имаат речиси 80.000 следбеници една година по придружување на платформата.

@thenitrobar pov: you pull up to our Prov coffee shop on a saturday afternoon ☕️☁️🥲 #coffeeorder #coffeetok #espressoshots #caramelcoffee #icedlatte #oatmilklatte #caffeineaddict #coffeeshop #coffeeshopaesthetic #coffeepour #coffeetime #coffeeaesthetic #chocolatecoffee #coffeeaddiction #weekendcoffee ♬ original sound – Sad_account

The Nitro Bar, исто така, забележале пораст на нарачките за пијалоци откако ги објавувале: „Штотуку лансиравме matcha од јагода и го распродадовме пијалокот за само еден ден“, вели ко-основачот Одри Финокијаро.

Таа рече дека TikTok им дал шанса за креирање свесност за брендот и доспевање до национална публика – од продажба на рекламен материјал за нивниот бренд до доаѓање на се повеќе луѓе во нивните кафулиња. „Има еден тон луѓе кои на вработените им велат: „Доаѓам на Род Ајленд само за да одам во ова кафуле.“, вели Тантимонако. Од “The Nitro Bar” велат дека веќе бараат четврта локација за кафуле, и на прашањето дали тоа би било можно без нивниот успех на социјалните мрежи, тие одговараат со „Дефинитивно не“.

Преземено од: MarketingBrew